Отворен конкурсот за наградата ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман за 2021 година

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат третиот конкурс за книжевната награда ПЕГАЗ за најдобар необјавен роман за 2021 година. За наградата можат да конкурираат сите заинтересирани автори со свои необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца, напишани на македонски јазик со кирилично…

Култни дела од Славко Јаневски можат да се купат на продажните места на „Слободен печат“

Романите „Тврдоглави“ и „Депонија“, книги во кои се сместени филмските сценарија „Јазол“, „Деветтиот задгробник“ и „Македонскиот дел од пеколот“ од култниот македонски писател Славко Јаневски, како и новиот стрип „Улица“, кој е инспириран од неговата истоимена повест, веќе можат да се најдат на сите продажни места на дневниот весник „Слободен печат“. Станува збор за дела…

„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски е прогласен за Роман на годината за 2020 година

„Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски, во издание на „Антолог“, е избран за Роман на годината за 2020 година, во рамките на конкурсот организиран од Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. Повикот беше распишан лани на 15 декември и траеше заклучно со 15 јануари 2021 година, а пристигна 41 роман.…