Ерина Богоева говори за архитектонскиот брутализам во Скопје во интервју за медиумот Brand of people

Фотографката Ерина Богоева која е автор на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ неодамна даде интервју за списанието „Бренд оф пипл“ (Brand of People), самостоен дигитален простор посветен на креативци, креатори и создавачи на култура. Богоева е добитник и на престижната наградата „13 Ноември“ која ѝ беше врачена за ова дело…

Интервју со Ерина Богоева, авторка на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“

Модерната архитектура претставува основна тематска преокупација во новиот циклус фотографии на Ерина Богоева. Преку своите најнови фотографии на кои се прикажани триесетина градби изградени во втората половина на дваесеттиот век, гледано од архитектонска перспектива, Богоева нè навраќа на најважниот период од историјата на развојот на градот – периодот на интензивната постземјотресна обнова. Избор од 80-ина…