Македонски ден во Франкфурт: Големите предизвици на малите јазици

На саемот на книга во Франкфурт денеска се одржа дебата на тема „Преку границите: предизвиците за меѓународна промоција на литературата на „малите јазици“, во организација на Македонската асоцијација на издавачи. За напорите на издавачките компании и авторите во освојување на меѓународната книжевна сцена говореа еден од најпреведуваните македонски автори и добитник на повеќе награди меѓу…

Сè поголем интерес за македонската детска литература

Над 80 наслови од македонска детска литература од повеќе македонски издавачи денеска беа  промовирани на Саемот на книга во Франкфурт. Според претставниците на Македонската асоцијација на издавачи, во последниве години расте интересот за детската литература меѓу издавачите, а особено барани се авторските дела на млади писатели за деца. „Детската литература станува сè побаран производ на…

Франкфурт: Интернационална промоција на романите на Јана Мишо

Авторката Јана Мишо и нејзините два романи на англиски јазик – „Almost Parisian“ и „Anais from Monmartre“, денеска беа промовирани на македонскиот штанд на Саемот за книга во Франкфурт, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ „Првпат промовираме книги од жанрот романтична комедија, но според реакциите на посетителите кои дојдоа на промоцијата гледаме дека има…

МАГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО ФРАНКФУРТ

Октомври е месецот во знак на книгата. Најзначајниот светски настан во областа на издаваштвото и литературата – Саемот на книга и годинава од 11 до 15 октомври повторно на едно место ќе ги спои издавачите, авторите и љубителите на книгата, а меѓу земјите-учесници е и Македонија. Претставувањето на Македонија на Саемот во Франкфурт годинава е…

Деца и младинци на власт

Откријте како германските и француските деца и младинци ќе одиграат изненадувачка улога во годинешното составување на програмата. Програмите за книги за деца и младинци се еден од камен-темелниците на изложбата Почесни гости – Франција. За потребите на програмата, оваа година Почесни гости – Франција овозможува да се чуе гласот на целната публика, со тоа што…