Марија Ралповска: „Сенки во подземјето“ е приказна за тенката линија меѓу доброто и злото

Во свет што го движи криминалот, тенка е линијата меѓу доброто и злото. Токму тој дуел е главната тема во новиот крими-трилер на Марија Ралповска, „Сенки во подземјето“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата беше претставена на т.н. „Ноќ на домашни трилери“ во рамките на Саемот на книгата, заедно…

Сашо Кузмановски: Крими-романот „Афера во музејот на пари“ е добра подлошка за филм или серија

Патувањата, посетите на интересни места, но и вестите што секојдневно кружат во новинарските кругови се убав расадник за раѓање на убава приказна. Во мојата приказна имам искористено дел од, ќе ги наречам, моите професионални доживувања. Новинарството како професија го сметам за предност при пишувањето и, искрено, искуството што го носи оваа професија во голема мера…

Александра Јовановиќ: „Црната птица“ порачува дека сте похрабри одошто мислите

Животот никогаш нема да биде ист каков што бил пред загубата на родител. Но, најстрашните загуби што се ненадоместливи можат да бидат премостени… Ова е главната порака на романот за деца „Црната птица“ од младата српска авторка Александра Јовановиќ, кој на македонски јазик деновиве излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина…

Саем на книгата 2021: Работилници за деца и родители во недела на штандот на „Арс Ламина“

Во недела (12 септември), на штандот на „Арс Ламина“, во рамките на Саемот на книгата 2021, ќе се одржат работилници за деца и родители. Во 11 часот е закажана работилницата инспирирана од четирите психолошки прирачници за деца од авторката и психолог Христина Стефановска. Со почеток во 12 часот, ќе се одржи работилница за најмладите инспирирана…

Романот „Деса“ од Ивана Трајаноска е филигрански изработена приказна за несреќниот живот на една жена

Новиот роман на универзитетската професорка, книжевна истражувачка и критичарка Ивана Трајаноска, „Деса“, беше претставен во рамките на Саемот на книгата 2021.  Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше дел од најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2020 година. – Романот „Деса“ беше штотуку…

„Арс Ламина“ со промоции на „Веќе не сум истиот“ од Војо Цветановски и на „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов на првиот ден на Саемот на книгата

Со промоции на романот „Веќе не сум истиот“ од Војо Цветановски и на илустрираната енциклопедија „Кинески мозаик“ од Виктор Урумов, денеска (8 септември) ќе почне програмата на издавачката куќа „Арс Ламина“ во рамките на Саемот на книгата 2021. На саемот, што ќе се одржува до 14 септември, во близина на Аква паркот, кај „А1 Арена“…

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ со промоции, попусти до 80 отсто и подароци на Саем на книгата 2021

Под слоганот „Овде книгата греит душата“, како паралела на познатиот стих од антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на претстојниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од 8 до 14 септември, во близина на Аква паркот, кај „А1 Арена“ – СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје. На…