„Арс ламина“ организираше работилница за цртање на која присуствуваше и првата дама Елизабета Ѓоргиевска

Со цел да се поттикнат децата да читаат, цртаат и творат, издавачката куќа „Арс Ламина“ вчера на терасата на новата суперпродавница на „Литература.мк“ – Literatura.mk Superstore сместена во „Скопје сити мол“ одржа работилница за млади креативци на која присуствуваше и сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска. Авторката Оливија Георгиевска која веќе има објавено две книги…