Зоран Спасов Ѕоф: Книгата „Џабе живиш у Скопје“ е водич до сигурна смрт од смеење

Со многу хумор, анегдоти, смеење до солзи и музика, на 16 ноември, во скопскиот локал „Интермецо мјузик бар“ се одржа промоцијата на новата книга на Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“. Книгата, како и претходните хит-романи на Ѕоф: „Торонто експрес“ и „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина…

Промоција на „Џабе живиш у Скопје“ од Зоран Спасов Ѕоф во „Интермецо“

Новата книга на Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“, ќе биде промовирана на 16 ноември (среда), со почеток во 20 часот, во скопскиот локал „Интермецо мјузик бар“ (Intermezzo Music Bar). Специјални гости на настанот ќе бидат шоуменот Игор Џамбазов, Бранко Огњановски (познат како Миле Паника) и Сашо Мацановски-Трендо. Книгата, како и претходните хит-романи на…

Збирката поезија „Poems from the High Prairie“ промовирана во САД

Новата збирка поезија „Poems from the High Prairie“, од група американски автори, неодамна беше промовирана во Розвел, Њу Мексико, САД. Книгата беше претставена со поетско читање, во пријатниот амбиент на домот на една од авторките – Бренда Бонам. Стихозбирката, која е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е објавена на англиски јазик. Содржи 58 песни од девет автори членови на поетско здружение од Њу Мексико.

Во конкуренција за наградата „Роман на годината“ влегоа 14 книги од „Арс Ламина“

Четиринаесет книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за престижната книжевна награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Во конкуренција за најдобар роман објавен во 2021 година се следните романи во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“: „Албино трип“…

Душко Трифуновски: „Слана / Јазол“ е трагикомична приказна за современото семејство

Во присуство на своите верни читатели, љубители на пишаниот збор и пријатели, младиот автор Душко Трифуновски, вчеравечер (15 јули), во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, ја промовира својата книга со двете драмски дела „Слана / Јазол“. Во книгата, која е во издание на „Попули“, по првпат на едно место можат да се прочитаат двете драми…

Душко Трифуновски ги објави драмите „Слана / Јазол“ кои се слика за општествената стварност во нашата земја

Книгата со двете драмски дела „Слана / Јазол“ од младиот автор Душко Трифуновски ќе биде промовирана на 15 јули (четврток), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Во книгата, која е во издание на „Попули“, по првпат на едно место можат да се прочитаат двете драми на Трифуновски – „Слана“ и „Јазол“ –…