Само две нешта се подобри од доброто вино: љубовта и книгите

Се ближи празникот на виното и љубовта, што е причина повеќе да им посветите посебно внимание на вашите најблиски. Изненадете ги со подарок книга полна љубов, а ние ќе ви помогнеме во изборот: „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито – кратка љубовна приказна за Св. Валентин „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут – еден од најчитаните љубовни романи…

Извадок: „Пандемониум“ од Лорен Оливер

На почекот има оган. Оган во нозете и во дробовите; оган ги разјадува секоја жиличка и секоја клетка од моето тело. Токму така повторно се родив, во болка: Се кревам од задушувачките пламен и од темнината. Присилно се туркам во влажна темнина на чудни звуци и мириси. Трчам, па кога ќе се заморам малку кривам,…

Најпродаваните наслови на Саемот на книгата 2015

Што беше апсолутен хит на саемот на книгата, кои беа најпродаваните „машки“, „женски“, детски, тинејџерски книги, што е најпродавано во одредени жанрови… Еве ја нашата листа на најпродавани книги, па можеби ќе пронајдете нешто што сè уште не е дел од Вашата библиотека, а е токму за вас :).

Најдобрите „женски“ книги од нашите полици

Да, книга е многу подобар подарок од цвеќе – а многу подолго и трае 🙂 Во пресрет на денот на жената, направивме избор од најдобрите „женски“ книги од нашите „полици“, односно од literatura.mk. Книги за мајките, бабите, сестрите, девојките, жените, другаркитe… Книги во кои можете и самите да уживате :). 

Подарок за денот на љубовта и виното

Одберете подарок за денот на љубовта и виното: – бестселерот „Нека снежи“ со трите романтични приказни на Џон Грин, најпродаваниот автор на денешницата, заедно со Лорин Миракл и Морин Џонсон – тинејџерските љубовни романи, бестселери на листата на Њујорк Тајмс – „Делириум“ и „Пандемониум“

Што ако љубовта беше болест?

Бестселерите „Делириум“ и „Пандемониум“ се прогласени за едни од најдобрите тинејџерски романи на сите времиња и се споредуваат со „Игри на гладта“ (Hunger Games). Моќниот дистописки роман на Лорен Оливер – „Делириум“ (првиот дел од трилогијата „Делириум“) претставува свет страшен како Орвеловата „1984“ и една забранета романса споредлива со онаа на Ромео и Јулија. „Делириум“ е најпродавана…

Книга е супер подарок!

…Особено кога можеш да најдеш баш за секого по нешто :). И за најмилите малечки, и за поголемките, и за откачените тинејџери, за љубителите на спортот, за вистинските книжевни сладокусци, за татковците, мајките, бабите и дедовците…