Гледај тенис, купи си книга

Спортскиот центар Јане Сандански во соработка со Македонската Тениска Федерација го организираат овогодинешното отворено првенство на Македонија во “зелен тенис” на кое ќе учествуваат девојчиња и момчиња до 11 години. За времетраењето на турнирот ќе биде овозможена продажба на двете книги за Новак Ѓоковиќ: “Спортскиот амбасадор Новак Ѓоковиќ и подемот на Србија” и “Сервирај за победа“.