Со книжарницата „Литература.мк“ се отвора нов свет на книгата во Струмица

„Без светлина нема радост за окото, без книга нема радост за душата.“ Со оваа мисла на големиот македонски писател Видое Подгорец, врежана заедно со неговиот портрет на плафонот, новата книжарница на „Литература.мк“ во Струмица им посакува добредојде на сите посетители во светот на книгите. Во саботата (19 февруари), на убавиот сончев ден, неколку стотици гости,…