Оливера Николова: Јазикот на кој сите се изразуваме е за нас најубавиот јазик на светот

Десеттото издание на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ се одржа од 18 до 21 септември. На настанот учествуваа Дамир Каракаш од Хрватска, Владислав Бајац од Србија, Елена Алексиева од Бугарија, сценаристот и режисер Рајко Грлиќ од Хрватска, нашиот писател Томислав Османли, поетот Пијан Славеј, како и Броња Жакељ од Словенија – авторката на романот „Бело се пере…

Оливера Николова – добитничка на книжевната награда „Прозарт 2022“

Македонската писателка Оливера Николова е добитничка на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“. Јубилејното, десетто издание на книжевниот фестивал годинава ќе се одржи од 18 до 21 септември. Одлуката за доделување на наградата на Николова беше донесена едногласно од страна на Одборот…

Поговор кон „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова

Давор Стојановски: „Песот со тажен поглед“ не е исклучиво историски или воен роман, туку е повеќе роман за тоа како војната го втиснува мрачниот печат врз индивидуата, за последиците што војната ги остава врз телото и врз психата на оној што излегол од борбата, но и за ронката хуманост што, случајно или не, останува надвор од човекот и е сместена во очите на животното што најчесто го сметаме како наш најчест домашен миленик.

Поговор кон „Вежби за ибн Пајко“ од Оливера Николова

Катица Ќулавкова: Историјата и народното предание ù служат на Оливера Николова да создаде своја авторска приказна за некои човечки судбини карактеристични за балканските простори. Контактите меѓу историската стварност, народното предание и колективната меморија го прават светот на „Вежби за ибн Пајко“ да биде живописен. Авторката нема цел во својот роман да прикаже една историска вистина туку да покаже дека е кревка границата меѓу историската вистина и илузијата: и вистината може да стане илузија, и илузијата – вистина.

„Белиот чад“ како филм ноар

Никола Гелевски: Сложената и разгранета наративна конструкција во „Белиот чад“, како во ноар филмот, создава свет во кој преовладува чувството на отуѓеност и фатеност во стапица од која нема излез. Дистанцирани од нормалниот свет, но истовремено и нурнати во неговите мрачни текови, ликовите се обележани со некој вид дефинитивна изолираност и отуѓеност, а нивната оддалеченост од стварноста станува безнадежна. Оливера Николова е одлична портретистка, виртуозна создавачка на атмосфера и неуморна барачка на суптилни детали.

Поговор кон „Тесна врата“ од Оливера Николова

Кица Колбе: Оливера Николова во својот прв роман за возрасни „Тесна врата“ ја раскажува сложената приказна за загадочното исчезнување на Петра со многу акрибија, луцидност и писателска ревност, небаре самата морала да помине низ некоја „тесна врата“. Асоцијацијата е оправдана, затоа што и таа по дваесет години успешно творештво за деца, се осмелува да го освои „непознатото“ – царството на романот за возрасни.

Домашното за домашни задачи – „Збогум, Вано, Ванке“ од Оливера Николова е роман со клуч

Јелена Лужина: Автентичните писатели како Оливера Николова секогаш читаат помеѓу редовите, умеат да ги декодираат навидум „невидливите“ причинско-последични релации и интуитивно ги препознаваат оние загадочни сигнали кои „бликнуваат“ од таканаречениот поттекст. Романот „Збогум, Вано, Ванке…“ е „составуван“ токму од тој и таков материјал. Формално невидлив. Како и секоја фикција.

Поговор кон „Куќичка“ од Оливера Николова

Румена Бужаровска: Се чудам како досега никому не му текнало да направи филм од овој роман. Парадоксално, иако се вика „Куќичка“, тој постојано се движи. Тој е напнат од чувството на мистерија, тој е во постојана трансформација, тој е и интимно и политички возбудлив. Иако во него среќаваме прељуба, убиство, бегство и измама, тој е цврсто втемелен во принципите на вербата во човештвото и во солидарноста. И на крајот, ова е роман што е длабоко вљубен во зборовите со кои е напишан и во културата од која произлегува, па така самиот по себе претставува дом за нашиот јазик.

Поговор кон „Кадифената покривка“ од Оливера Николова

Оливера Ќорвезироска: Задачата што Оливера Николова си ја поставила себеси во „Кадифената покривка“ е да ги оживее личните приказни на убијките, да ги открие и долови мотивите на злосторствата, да ги дешифрира и да ги „реши“ според одличната, проверена и препознатлива сопствена раскажувачка формула; да ги направи разбирливи, да ги донесе блиску пред нас, да ни ги послужи на подавалникот на можното, да ги вгнезди во едно обично секојдневие, во една обична стварност каква што е оваа околу нас.

Поговор кон „Лева комора“ од Оливера Николова

Владимир Јанковски: „Лева комора“ е книга за опачината на појавите и нештата. За личните погледи, перцепции, доживувања и светови кои остануваат во заклучената соба на интимата. За тивката потреба да не се каже. Книга за деконструкцијата на надворешната реалност составена од согласувања и хармонии. За деструкцијата на лагите од кои многу често е изградено нашето секојдневие. Книга за женскиот крик. Често тивок и безгласен, а сепак крик.

Поговор кон романот „Куклите на Росица“ од Оливера Николова

Елизабета Баковска: „Куклите на Росица“ е еден од ретките македонски национално-историографски романи напишани од жена. Наспроти Оливера Николова, за ваквите (речиси романтичарски) национално-историски теми има пишувано цела една плејада македонски класици, како Петре М. Андреевски, Коле Чашуле, Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев… „Куклите на Росица“ е комплексен приказ на бурни и често сè уште недоволно разјаснети (или постојано проблематизирани) случувања поврзани со создавањето на македонскиот национален идентитет.

Поговор кон романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова

Калина Малеска: „Размислувајќи на што се должи впечатокот што ми го остави „Адамовото ребро“, сфаќам дека ова не е само роман за љубовта туку и роман што се преиспитува самиот себеси, си ги соочува и видоизменува своите теми, ги става во различни контексти од кои произлегуваат различни последици, ги судира протагонистите од различни времиња, ја истражува суштината на пишувањето, има јасна свест за историските немири и за тоа колку ликовите можат да бидат и колку можат да не бидат свесни за нив.“

Поговор кон романот „Тромбот“ на Оливера Николова

Владимир Мартиновски: „Читајќи го исклучително слоевитиот и возбудлив роман Тромбот од Оливера Николова (првообјавен во 1997 година), многупати ни се наметнува древната идеја дека човекот е пред сè „суштество што (се) игра“. Но, за какви сè игри станува збор во овој роман? На прва топка, некој ќе рече – па лесно е, за фудбал! Така, секако, нема да се утне правецот, бидејќи фудбалот е играта околу која се плетат клучните интриги во приказните од кои е сочинет романот, но одговорот, се чини, би бил недоволен и несеопфатен.“

Оливера Николова: Пишувањето книги ме очовечи и го збогати до невидени размери моето битие

Нарекувајќи ја „мајка на сите македонски писателки“ и „мајката на Зоки Поки“, со благодарност за трасираниот пат на жените-авторки, како и за нејзиното целокупно творештво и придонесот во нашиот јазик, проследено со долг аплауз и овации, вчеравечер (30 март) во преполното фоаје на Националната опера и балет, македонската книжевна сцена ѝ оддаде почит на легендарната…

„Арс Ламина“ ќе промовира десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова

На 30 март (среда), со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет, ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова. Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата…