„Шила“ е најбараното издание за деца во „Литература.мк“ во мај

Новата несекојдневна сликовница „Шила“ од авторката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева, која беше промовирана за време на Саемот на книгата, е најбараната книга за деца во мај во книжарниците на „Литература.мк“. Следува најновата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“. Високо…

Катерина Соколова: Уште при првото читање на „Бакнежот на пролетта“ веднаш ми се родија идеи за илустрациите

„Во една земја, на крајот од последната улица на едно гратче, во една малечка куќичка под еден рид, живееше едно девојче со баба си. Откако знаеше за себе, девојчето секое утро седеше покрај прозорецот и гледаше надвор. Во дворот пред куќичката сѐ беше бело, а голите гранки на дрвјата на ридот беа клапнати под тежината…

Движењето за креативност „Иво Лауренчиќ“ и „Арс Ламина“ на Меѓународниот ден на детето ги промовираа авторите и илустраторите на „Новите бајки од Македонија“

На одбележувањето на Меѓународниот ден на детето – 1 јуни, беше промовирана едицијата „Нови бајки од Македонија“, со што се збогати македонската литература за деца. На настанот беа промовирани и авторите на бајките, како и илустраторите кои работеа на визуализација и „оживување“ на ликовите. Четирите бајки од едицијата „Нови бајки од Македонија“ – „Бакнежот на…

Едицијата „Нови бајки од Македонија“ ја збогатува литературата за деца со четири нови сликовници од домашни автори

Четирите бајки „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“ се дел од новата едиција „Нови бајки од Македонија“, кои деновиве излегоа од печат во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Бајките што се дел од оваа едиција се напишани од современи…

Нови бајки од Македонија од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“

Најмладите читатели, но и повозрасните љубители на волшебните светови имаат уште една причина за радост. Излезе од печат новата едиција „Нови бајки од Македонија“, што ја сочинуваат четирите бајки: „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“, а се во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и…