„Најстар стил на македонското народно пеење“ не е книга само за етномузиколозите туку и за сите љубители на нашиот фолклор

Универзитетскиот професор и етномузиколог Ѓорѓи Ѓорѓиев пред многу децении се фасцинирал од извикот, како дел од македонската музичка традиција, кога слушнал група од жени во селото Блаце кои сосема случајно изведувале каначки песни со кои ги повикувале луѓето на свадба. Љубопитен околу генезата, која тогаш не била доволно истражена, тој минал долг период работејќи за…