Онлајн промоција на книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ од основоположникот на катедрата за етномузикологија Ѓорѓи Ѓорѓиев

Книгата „Најстар стил на македонското народно пеење“ на универзитетскиот професор и етномузиколог Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде промовирана онлајн на 25 ноември (среда) во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Книгата ја објави издавачката куќа „Арс Ламина“ и ќе може да се најде во книжарниците „Литература.мк“ или да се нарача преку веб-страницата http://www.literatura.mk. Модератор на онлајн промоцијата…