„Лејла“ од Колин Хувер наскоро на македонски јазик

По книжевните хитови „Исповеди“, серијалот „Безнадежно“ и „Без Мерит“, наскоро од број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер, ќе излезе романот „Лејла“. Романот, што го истражува животот по трагедија и неуништливиот дух на љубовта, на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Кога Лидс…

„Седумте мажи на Евелин Хуго“ три месеци по ред е најпродавана книга во „Литература.мк“

Три месеци по ред, интернационалниот бестселер „Седумте мажи на Евелин Хуго“ од Тејлор Џенкинс Рејд е најпродавана книга во книжарниците на „Литература.мк“. Приказната за возрасната и повлечена холивудска филмска икона Евелин Хуго, која конечно е подготвена да ја каже вистината за нејзиниот гламурозен и скандалозен живот ја предводи топ-листата со најбарани романи од областа на…

Изданија од „Арс Ламина“ во потесен изборот за најдобри книги според читателите – Reader’s Choice Book Awards

Петнаесет книги од издавачката куќа „Арс Ламина“ влегоа во потесниот избор на наградата за најдобри книги според читателите – Reader’s Choice Book Awards. Натпреварот „Книга на годината“ во Македонија, кој се одвива онлајн на интернет-страницата http://www.kniganagodinata.mk и каде што сите читатели можат да го дадат својот глас за омилените изданија. Селекцијата се базира на девет…

Новите книги „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“ го комплетираат серијалот „Безнадежно“ од Колин Хувер

Две нови книги, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“, од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ ‒ Колин Хувер, деновиве излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за трет и четврти дел од серијалот „Безнадежно“ на Хувер, во кој досега се објавени романите „Безнадежно“ и „Изгубена надеж“, двете во…