Васко Тодоров ќе ја потпишува книгата „Тошо Малерот: монологија“ во книжарницата „Литература.мк“ во „Сити мол“

Васко Тодоров кој е познат по неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот во понеделник (17 август) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Сити мол“ ќе ја потпишува неговата книга „Тошо Малерот: монологија“. Во делото се собрани култни монолози кои популарниот „батка“ ги има кажано во легендарното шоу „К-15“ како и скечеви кои не биле емитувани…