„Мир-Божица-Ејрене“ од Аристофан е една од античките комедии во која и денес се препознаваат универзални вистини
Грчкиот драматург Аристофан има напишано голем број дела, но, за жал, само 11 се зачувани денес, а македонскиот превод на неговата комедија „Мир-Божица – Ејрене“ е дури негово деветто дело кое доживува домашно издание. Книгата која вчера беше промовирана онлајн на фејсбук-страницата на „Литература.мк“ е преведена од старогрчки јазик од пензионираната универзитетска професорка Елена Колева.…