Kниги и училишна опрема од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за децата од документарецот „Медена земја“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ донираа книги и училишна опрема за децата – протагонисти во документарниот филм „Медена земја“. Децата од семејството Сам, кои присуствуваа на премиерата на документарецот минатата недела во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“ во „Скопје сити мол“, добија изданија од „Арс Ламина“ соодветни за нивната возраст. Донацијата содржи сликовници, романи, изданија…

„Медена земја“ премиерно прикажан на „Македокс“ и во „Синеплекс“

  Во емотивна атмосфера, со овации и срдечен аплауз, беше поздравена екипата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) на премиерните прикажувања пред македонската публика во рамките на фестивалот „Македокс“ и во скопското мултиплекс-кино „Синеплекс“. Долгоочекуваната официјална премиера пред домашната публика на македонскиот победник на „Санденс“ и национален кандидат за „Оскар“ се одржа на 28 август во…

„Медена земја“ е најдобар документарец според публиката на „Сараевскиот филмски фестивал“

Публиката на „Сараевскиот филмски фестивал“ го избра „Медена земја“ (Honeyland) за најдобар документарец. Според гласовите на гледачите, македонскиот документарец доби вкупна оценка од 4.85, со што стана и најдобро оценет филм прикажан на фестивалот. „Медена земја“ премиерно беше прикажан на 17 август во рамки на 25. издание на „Сараевскиот филмски фестивал“. Публиката во преполната сала…

Документарецот „Медена земја“ поздравен со овации на „Сараевскиот филмски фестивал“, следуваат премиери на „Македокс“ и во скопското кино „Синеплекс“

Со силен аплауз и овации викендов беше проследена премиерата на македонскиот документарец „Медена земја“ (Honeyland) на „Сараевскиот филмски фестивал“. Публиката во преполната сала во сараевскиот „Мултиплекс синема сити“ со одушевување ја поздрави екипата која присуствуваше на проекцијата: режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, снимателот Самир Љума и главната протагонистка на филмот– Атиџе. Документарецот е влезен…

Тамара Котевска, ко-режисерката на „Медена земја“, потпиша за агенцијата за таленти UTA

Режисерката Тамара Котевска, која е една од авторите на македонскиот победник на „Санденс“, документарецот „Медена земја“ (Honeyland), потпиша договор со американската агенција за таленти, United Talent Agency (UTA). Агенцијата со седиште во Беверли Хилс, Калифорнија, застапува уметници, изведувачи, брендови и млади поедници од областа на филмот, забавата, телевизијата, музиката, книжевноста, дигиталната индустрија и друго. Котевска…