Снежана Анастасова-Чадиковска: Преку приказните од пијаното до приказните за дружината на борот

Снежана Анастасова-Чадиковска е истакната пијанистка, професорка по пијано и музичка публицистка. Својот прв настап на концертниот подиум го бележи во 1972 година и оттогаш е постојано присутна на македонската музичка сцена. До 1984 година е претежно солист, а потоа и пијано-придружник на голем број македонски и странски музички уметници. Има настапувано во многу музички центри во Македонија…