Најпродаваните наслови на Саемот на книгата 2015

Што беше апсолутен хит на саемот на книгата, кои беа најпродаваните „машки“, „женски“, детски, тинејџерски книги, што е најпродавано во одредени жанрови… Еве ја нашата листа на најпродавани книги, па можеби ќе пронајдете нешто што сè уште не е дел од Вашата библиотека, а е токму за вас :).

Јас сум Малала и ова е мојата приказна

Малала – девојчето кое што се бореше за образование и беше застрелано од Талибанците. Малала Јусафсај (17) е и најмладиот добитник на Нобелова награда за мир. Доаѓам од земја што беше создадена на полноќ. Во моментот кога за малку ќе умрев, само што беше минало пладне. Кога Талибанците ја зазедоа долината Сват, една девојка крена глас.…