Поговор кон „Вежби за ибн Пајко“ од Оливера Николова

Катица Ќулавкова: Историјата и народното предание ù служат на Оливера Николова да создаде своја авторска приказна за некои човечки судбини карактеристични за балканските простори. Контактите меѓу историската стварност, народното предание и колективната меморија го прават светот на „Вежби за ибн Пајко“ да биде живописен. Авторката нема цел во својот роман да прикаже една историска вистина туку да покаже дека е кревка границата меѓу историската вистина и илузијата: и вистината може да стане илузија, и илузијата – вистина.

Домашното за домашни задачи – „Збогум, Вано, Ванке“ од Оливера Николова е роман со клуч

Јелена Лужина: Автентичните писатели како Оливера Николова секогаш читаат помеѓу редовите, умеат да ги декодираат навидум „невидливите“ причинско-последични релации и интуитивно ги препознаваат оние загадочни сигнали кои „бликнуваат“ од таканаречениот поттекст. Романот „Збогум, Вано, Ванке…“ е „составуван“ токму од тој и таков материјал. Формално невидлив. Како и секоја фикција.

Поговор кон „Куќичка“ од Оливера Николова

Румена Бужаровска: Се чудам како досега никому не му текнало да направи филм од овој роман. Парадоксално, иако се вика „Куќичка“, тој постојано се движи. Тој е напнат од чувството на мистерија, тој е во постојана трансформација, тој е и интимно и политички возбудлив. Иако во него среќаваме прељуба, убиство, бегство и измама, тој е цврсто втемелен во принципите на вербата во човештвото и во солидарноста. И на крајот, ова е роман што е длабоко вљубен во зборовите со кои е напишан и во културата од која произлегува, па така самиот по себе претставува дом за нашиот јазик.

Поговор кон романот „Куклите на Росица“ од Оливера Николова

Елизабета Баковска: „Куклите на Росица“ е еден од ретките македонски национално-историографски романи напишани од жена. Наспроти Оливера Николова, за ваквите (речиси романтичарски) национално-историски теми има пишувано цела една плејада македонски класици, како Петре М. Андреевски, Коле Чашуле, Стале Попов, Ѓорѓи Абаџиев… „Куклите на Росица“ е комплексен приказ на бурни и често сè уште недоволно разјаснети (или постојано проблематизирани) случувања поврзани со создавањето на македонскиот национален идентитет.

Поговор кон романот „Адамовото ребро“ од Оливера Николова

Калина Малеска: „Размислувајќи на што се должи впечатокот што ми го остави „Адамовото ребро“, сфаќам дека ова не е само роман за љубовта туку и роман што се преиспитува самиот себеси, си ги соочува и видоизменува своите теми, ги става во различни контексти од кои произлегуваат различни последици, ги судира протагонистите од различни времиња, ја истражува суштината на пишувањето, има јасна свест за историските немири и за тоа колку ликовите можат да бидат и колку можат да не бидат свесни за нив.“

„Арс Ламина“ ќе промовира пет реобјавени дела од Блаже Конески, во чест на стогодишнината од неговото раѓање

Во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, издавачката куќа „Арс Ламина“ реобјави пет негови значајни дела. Станува збор за стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, кои се со нови предговори и поговори, напишани од…

Одбележуваме 86 години од раѓањето на Живко Чинго со реобјавените „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“

На денешен ден (13 август) во 1935 година во селото Велгошти, Охридско, е роден еден од доајените на македонската литература – Живко Чинго. Со реобјавените класици „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ одбележуваме 86 години од раѓањето на овој истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател. Книгите што неодамна излегоа од печат во ново…

Со извадок од романот „Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев го одбележуваме втори август, Денот на Републиката

На втори август го одбележуваме Денот на Републиката – Илинден, голем државен празник, кој има посебно значење за историјата на македонскиот народ. На овој датум во 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. На овој ден православните граѓани го слават и верскиот празник „Свети Илија“(Илинден). Со извадок…

Романот за сите љубители на историската фикција, „Арамиско гнездо“ од Ѓорѓи Абаџиев, ќе биде претставен со онлајн-разговор

Класичниот роман „Арамиско гнездо“ од писателот Ѓорѓи Абаџиев, кој неодамна беше реобјавен во издание на „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовиран онлајн, на 13 јули (вторник), со почеток во 19 часот. Кон делото на Абаџиев ќе се осврне проф. Марија Георгиева Димова, професорка по компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Онлајн-разговорот ќе го…