Градови на книжевноста

Уште од 2004 година УНЕСКО почна иницијатива за именување градови на книжевноста, градови што многу повеќе од другите ја негуваат и ја развиваат љубовта кон книжевноста, со цел да се промовираат социјалниот, културниот и економскиот развој на тие центри. Првиот град што ја доби таа титула е Единбург во Шкотска. Поголемите градови на книжевноста се…

Во Белгија бркаат книги, наместо покемони

Инспирирана од играта „Покемон гоу“, директорката на едно белгиско основно училиште ја развила играта во која учениците, наместо по цртаните монструми, трагаат по книги. Додека ловците на покемони користат џипиес и камера на мобилниот телефон, Авелин Грегоар смислила игра за која е потребно да се зачлениш на групата на „Фејсбук“ – „Книголовци“ (Chasseurs de livres),…

13 најчитани книги на литература.мк

Ова се најчитаните книги за ова лето според корисниците на литература.мк Нултиот број – Умберто Еко Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство и моќ. Момчето милијардер: Марк…

Лето за безвременските приказни од едицијата „Детски класици

Летово е можност да се направи споредба на некои филмувани безвременски детски приказни. Најновата едиција „Детски класици“ на Арс Ламина ја нуди таа можност, во торбата за плажа покрај реквизитите за во вода да се најде и издание во кое ќе ужива и вашето дете. Од најновата едиција „Детски класици“, препорачуваме четири безвременски приказни: „Принцезата…

„Исповеди“ од Колин Хувер, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса

Ново на литература.мк: Исповеди од Колин Хувер – роман, добитник на наградата „Гудридс чојс“ за најдобра романса. Од број еден бестселинг-авторката на „Њујорк тајмс“ Колин Хувер излезе нов роман за ризикување сè заради љубов – и за пронаоѓање на своето срце некаде помеѓу вистината и лагите. „Исповеди е уште една емотивно наполнета и извонредно срочена…

Силјан Штркот – наш книжевен устав

Волшебник со бои. Мајстор на надреални ситуации и доживувања. Сплотувач на култури, трагач по нови предизвици. Неговите платна ги има од Јапонија до Америка, а на тој пат ќе подзастане со неговата четка и со напластените впечатоци, ќе прочита некаде нечии стихови, ќе исполни некое ново оптегнато бело платно и назад кон неговиот дом, во…

Ново во едицијата „Лауреати“: „Месечарска земја“ од Миа Коуто

Ново на literatura.mk во едицијата „Лауреати“ – романот „Месечарска земја“, прогласен за една од дванаесетте најдобри африкански книги на XX век. Стилски во дослух со најдобрите навики на латиноамериканскиот магичен реализам, опусот на Миа Коуто го одразува и влијанието на гигантите на бразилскиот книжевен XX век, Жоао Гимараинш Роса и Жоржи Амадо. Црпејќи од регионалниот мозамбички вокабулар, Коуто…

Рецензија: „4 Пријатели онлајн!“

Детскиот роман „Четири пријатели онлајн!“ од авторката Каролина Каприја е одлично четиво за сите читатели кои се соочуваат со чувствителната пубертетска и тинејџерска возраст. Во романот се појавуваат четири главни лика, три момчиња и едно девојче, кои раскажуваат случки од нивното секојдневие кога се среќаваат на чет. Така, преку личното раскажување доаѓа до израз колоритноста…

Необични книги: Семејниот готвач на Лав Толстој од Сергеј Белтуков

Замислена како шеговит подарок на братот кон саканата сестра, инаку сопруга на Лав Толстој, книгата „Семејниот готвач на Лав Толстој“ преку колекција на рецепти ни овозможува да ѕирнеме во семејниот живот на авторот на „Ана Каренина“, „Војна и мир“ и други ремек-дела. Ова не е критички есеј, ниту, пак, уште една биографија. Оваа книга е…

Среќен роденден „Фејсбук“

Во писмото што пред 12 години Марк Закерберг го праќа до инвеститорите, тој ги запознава со идејата за „Фејсбук“, не само да стане компанија туку и да ја оствари својата социјална мисија – да го направи светот поотворен и поврзан. По 12 години тој и неговиот тим остануваат доследни на мисијата, но создадоа и многу…

Книга што би можела да ви го спаси животот

Кога на својата триесет и прва година, при еден МРТ-преглед од страна на неговите двајца најблиски соработници, францускиот невро-истражувач Давид Сербан-Шрајбер ќе открие дека има рак на мозокот, веројатно и самиот нема да може да претпостави дека деценија и пол подоцна, на страниците на својата книга Антиканцер: Нов начин на живот, токму овој миг ќе…

Само две нешта се подобри од доброто вино: љубовта и книгите

Се ближи празникот на виното и љубовта, што е причина повеќе да им посветите посебно внимание на вашите најблиски. Изненадете ги со подарок книга полна љубов, а ние ќе ви помогнеме во изборот: „Сплеткарот Купидон“ од Џина Ардито – кратка љубовна приказна за Св. Валентин „Те чекам“ од Џенифер Л. Арментраут – еден од најчитаните љубовни романи…

Извадок: „Пандемониум“ од Лорен Оливер

На почекот има оган. Оган во нозете и во дробовите; оган ги разјадува секоја жиличка и секоја клетка од моето тело. Токму така повторно се родив, во болка: Се кревам од задушувачките пламен и од темнината. Присилно се туркам во влажна темнина на чудни звуци и мириси. Трчам, па кога ќе се заморам малку кривам,…

Книжевни факти: Ана Каренина

  Ана Каренина има преку 800 страници, но оригинално беше објавена во серијализирана форма. Руски курир објавуваше серијализирани извадоци од 1873 до 1877 година. Бидејќи политичките погледи на Лео Толстој се судрија со оние на издавачот, првото целосно издание на романот беше како книга.

Животот на бегалците во белетристиката

Ова e преглед на неколку книги за глобалната миграција и за сокршените граници, вклучувајќи ја „Градот на трњето: Девет животи во најголемиот камп за бегалци на светот“ од Бен Роленс. Книгата на Роленс не е измислица, туку прифатените и популарни романи од последниве години го поставија прашањето за бегалците пред пошироко внимание со тоа што…