Сеќавање на старо Скопје со книгата „Динга стоп“ од Владимир Плавевски во книжарницата „Литература.мк“

  Во присуство на бројни стари скопјани и новомаалци, вчера (26 јули) во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“ се одржа промотивна средба за збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски. Со промоцијата на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше одбележана 55-годишнината…

Незаборавно летување со книгите – добитници на „Андерсенова награда“

Јапонската писателка Еико Кадоно е годинашната добитничка на „Андерсенова награда“ – највисокото меѓународно признание за автори на детски книги. Признанието за најдобар илустратор на детски книги, пак, му беше доделено на Игор Олејников од Русија. Победниците ги соопшти Патриција Алдана, претседателката на жирито во март оваа година. Наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ е највисокото меѓународно признание…

Отворена новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Новата книжарница на „Литература.мк“ официјално почна со работа во саботата (14 јули) во „Скопје сити мол“ (Skopje City Mall). На отворањето, продажниот простор, кој е лоциран на вториот кат од трговскиот, во близина на одделот за храна, го посетија неколку стотици вљубеници на книгата. „Литература.мк“ носи литературна свежина во најпосетениот трговски центар во Скопје, продолжувајќи…

Нова книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

На 14 јули (сабота) во „Скопје сити мол“ (Skopje City Mall) ќе биде отворена новата книжарница на „Литература.мк“. Продажниот простор на „Литература.мк“ е лоциран на вториот кат од трговскиот, во близина на одделот за храна. „Литература.мк“ носи литературна свежина во најпосетениот трговски центар во Скопје, продолжувајќи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за…

Нов летен бран книги за на плажа

Одморот е поубав кога ќе ти се погоди романот. Во морето од книги ви нудиме наслови што ќе ве однесат на нови, незаборавни литературни патувања. По книжевните освежувања од јуни, јули го почнуваме со нов бран со книги за ова лето. Ви претставуваме листа со  книги со кои одморот ќе ви биде поубав. Уживајте со…

(ФОТО) Промовирана книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов

Книгата посветена на лековитите билки и нивната примена кај нас, „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов, беше промовирана вчеравечер (3 јули) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Книгата, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи 129 лековити билки што растат во нашата земја, со детален опис на нивната примена во…

„Чувари на книгата“ е клуб на позитивни вљубеници во книгата

Со желба на едно место да се соберат позитивните вљубеници во книгата од различен профил, кои ќе споделуваат што читаат и ќе препорачуваат интересни наслови, неодамна блогерката Ана Томова, позната како Ана Том, ја основа групата на „Фејсбук“ – „Чувари на книгата“. За само неколку недели клубот брои речиси 700 членови од цела Македонија. Викендов…