Literatura.mk Superstore слави прв роденден со подароци за читателите

Книжарниците се срцето на една метропола. Од нив пулсира културниот живот на градот. Значаен двигател на случувањата на културната сцена изминатава година е суперпродавницата на „Литература.мк“, сместена на вториот кат во трговскиот центар „Скопје сити мол“. На површина од 500 м², со над 20.000 производи и повеќе од 1.000 посетители дневно, веќе една година најголемата…

Маги зборува за книгата „4 пријатели онлајн!“

„4 пријатели онлајн!“ на Каролина Каприја е интересен роман за четири деца кои се пријатели онлајн и додека се анонимни, но не и на училиште. Токму за впечатоците од оваа возбудлива книга зборуваше Маги во видеото на јутјуб-каналот „Читаме со Марија и Маги“. Романот е наменет за сите модерни момчиња и девојчиња на возраст над…

Марија ја чита книгата „Кифличката Мирна“ од Оливера Ќорвезироска

Малечката Марија, овој пат во видеото на јутјуб-каналот „Читаме со Марија и Маги“, чита едно поглавје од „Кифличката Мирна“ на Оливера Ќорвезироска и зборува за своите впечатоци од оваа книга за деца. Малите читатели ќе добијат интересен одговор на прашањето „Каков ли е светот од гледната точка на едно новороденче?“, а станува збор за издание…

Јана Мишо за романот „Лулу“: Не сака секоја девојка да биде невеста

Авторката Јана Мишо, која стои и зад романите „Анаис од Монмартр“ и „Скоро парижанка“, неодамна го објави и своето ново дело насловено „Лулу“. Вели дека името на главниот лик го одбрала сосема случајно, а потоа дознала дека дефиницијата на зборот „лулу“ е „исклучителен пример за личност или предмет“. Сега смета дека таа коинциденција се покажала…

Александар Прокопиев: Димитар Солев беше психолог кој проникнува во човековата душа, а тоа се гледа и во „Зора зад аголот“

Опишувајќи го како автор кој знае да проникне во психата и душата на своите ликови без притоа да морализира, писателот Александар Прокопиев го истакна Димитар Солев и неговиот роман „Зора зад аголот“ како незаобиколив дел од македонската литература. На вчерашниот онлајн-разговор по повод реобјавувањето на „Зора зад аголот“ со нов и современ изглед, тој се…

Онлајн-промоција на книгата „Основен тренинг за живот“ од светски познатиот тренер Марино Башиќ

Онлајн-промоцијата на книгата „Основен тренинг за живот“ од Марино Башиќ ќе се одржи во четврток (22 април) во 19 часот на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Авторот на изданието е меѓународно признаен фитнес и кондициски тренер, ментор, предавач и автор. Оваа книга на читателите, меѓу другото, им порачува дека со своето тело можат да…

Убиство на свадба од соништата во „Списокот со гости“ – победнички трилер на изборот на „Гудридс“

Џулс и Вил се пар од соништата. На нивната свадба што се одржува на остров на брегот на Ирска ги канат сите свои најблиски роднини и пријатели. Но, гостите имаат други планови и со себе носат тајни и потиснат гнев. Тензиите растат уште од почетокот. Невреме го погодува островот, а свадбената торта е едвај пресечена…

Денови на детската имагинација со попусти до 50 отсто во книжарниците на „Литература.мк“

Детската имагинација е безгранична, разиграна, ведра и инспиративна, а до 11 април сите книжарниците на „Литература.мк“ ќе бидат едно големо игралиште, каде што секое дете ќе може да најде книги и голем број производи што ќе бидат на попусти до 50 отсто. За љубопитните млади читатели, селекцијата на сликовници и детски изданија е широка. По…

За Први април „летај“ со крилјата на Исидора Мун

Исидора Мун е половина самовила, половина вампир и хероина во серијалот на книги за деца напишан од авторката Хариет Мункастер. Таа ја обожава ноќта, обожава лилјаци и го обожава нејзиното црно балетско фустанче, но исто така го обожава и сонцето, нејзиното волшебно стапче и Розовото зајаче. Исидора е вистински лик излезен од фантазијата на авторката,…

Актерот Ѓорѓи Јолевски гостин во новото издание на емисијата „Астрорум“.

Драмскиот актер и првенец на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски е гостин во новото издание на емисијата „Астрорум“. Јолевски е роден во 1964 година во Битола. Основно и средно образование завршува во Битола. Дипломира на Факултетот за драмски уметности при универзитетот „ Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот – драмски актери во класата на…

Култни дела од Славко Јаневски можат да се купат на продажните места на „Слободен печат“

Романите „Тврдоглави“ и „Депонија“, книги во кои се сместени филмските сценарија „Јазол“, „Деветтиот задгробник“ и „Македонскиот дел од пеколот“ од култниот македонски писател Славко Јаневски, како и новиот стрип „Улица“, кој е инспириран од неговата истоимена повест, веќе можат да се најдат на сите продажни места на дневниот весник „Слободен печат“. Станува збор за дела…

Гордана Вренцоска: Со книгата „Македонскиот визуелен идентитет“ имав цел да ја истакнам вредноста на нашите визуелни традиции во овој глобален свет

– Книгата е насловена „Македонски визуелен идентитет“, но поднасловот „Дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“, во суштината, го одредува фокусот на ова дело. Идејата за истражување на идентитетот дојде со моето студирање во Велика Британија, каде што соочувањето со новата култура ми даде и друг поглед на тоа: која сум,…

Душко Трифуновски: После првиот роман, посебен предизвик ми беше да ги напишам драмите „Слана/Јазол“

Младиот автор Душко Трифуновски веќе го има издадено својот прв роман „За два дена рече ’Да‘“, но овој пат тргна по нова патека и напиша две драми што се собрани во една книга „Слана/Јазол“. Станува збор за издание на „Попули“ и делото може да се најде во сите книжарници на „Литература.мк“ или да се нарача…

Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

Книгата „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“ од македонската уметница, дизајнерка и професорка Гордана Вренцоска ќе биде промовирана онлајн во вторник (23 март) во 19 часот на страницата на „Фејсбук“ на издавачката куќа „Арс Ламина“. Ова дело е реализирано со поддршка на Министерството за култура и општина…

Андон Дамовски: Лицата со попреченост не се попречени толку од состојбата во која се наоѓаат, колку од општествените околности

Книгата дава широк преглед на влијанието на социјалната политика врз лицата со попреченост, потенцирајќи ги клучните процеси во една конструктивна дискусија. „Лицата со попреченост“ е структурирана е во четири логички заокружени целини и секоја од нив има посебна цел, теоретска разработка и дава свои заклучоци, истакна авторот на ова стручно издание Андон Дамовски на вчерашната…