Џон Илија Апелгрен: Книгата „Забранети луѓе“ се солидаризира со музичарите кои беа „забранети“ за време на пандемијата

Со музички настап во живо, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (22 јуни), во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен ја промовираше својата прва книга „Забранети луѓе“. Делото, кое е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е своевидно сведоштво за незавидната состојба на дел…

Музичка промоција на книгата „Забранети луѓе“ од џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен на 22 јуни (среда), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе ја промовира својата книга „Забранети луѓе“. Промоцијата ќе биде збогатена со музички настап во живо на Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс…

Радмила Костова-Мила: „Инспирирај се за промени“ на волшебен начин го отвора патот до лична трансформација

Мотивациската книга, чијашто цел е да им помогне на сите што се соочуваат со навидум несовладливите предизвици на современото живеење, „Инспирирај се за промени“, беше промовирана вчеравечер (10 мај), „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“. Авторите Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ, покрај тоа што ја претставија книгата, пред присутните одржаа инспиративни говори, споделувајќи го своето…

Кафе-дружба и промоција на „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ

На 10 мај (вторник), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ќе се одржи кафе-дружба и промоција на книгата „Инспирирај се за промени“, со авторите Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ.Книгата „Инспирирај се за промени“, која е во издание на „Попули“, е охрабрувачко четиво за сите што се соочуваат со навидум…

Ден посветен на Хари Потер во „Литература.мк суперстор“ во „Сити мол“

Со промоција на книги, креативен конкурс, награди и изненадувања за фановите, на 16 април (сабота) од 11 до 13 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ ќе се одржи ден посветен на Хари Потер. На настанот ќе бидат прoгласени и наградени победниците на ликовниот и литературен конкурс „Светот на Хари Потер“, што се…