Преку книгите „Изброј ги ѕвездите“ и „Куферот на Хана“ раскажана е приказната за децата во холокаустот, на семинар за наставници во Скопје

Во рамките на меѓународниот семинар за наставници од основните и од средните училишта од земјава и регионот, што го спроведоа Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и „Центропа“, се одржа и промотивна презентација на книгите за деца, „Изброј ги ѕвездите“ од Лоис Лаури и „Куферот на Хана“ од Карен Левин, кои се плод…

Христина Стефановска во Штип одржа промоција на психолошките прирачници и работилница со деца за препознавање на емоциите

Во присуство на воспитувачи, педагози, учители, наставници и ученици, вчера (16 ноември), во НУ Библиотека „Гоце Делчев“ во Штип, беа промовирани четирите психолошки прирачници од Христина Стефановска: „Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“. Интерактивните прирачници се дел од едицијата „Железница на чувствата“ и се…

Книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин ги едуцира децата за холокаустот

Во спомен на жртвите на холокаустот и на кобната Кристална ноќ, која се смета за почеток на погромот и злосторството врз Евреите низ Европа, вчеравечер (9 ноември) во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа промоцијата на книгата „Куферот на Хана“ од Карен Левин. Наградуваната книга за деца „Куферот на Хана“, од…

Сликовницата „Мирко Немирко“ од Ана Ѓокиќ и Ване Костуранов е топла приказна за едно палаво облаче кое сака да ги развесели луѓето

Сликовницата „Мирко Немирко“ од Ана Ѓокиќ и Ване Костуранов, ќе биде промовирана онлајн, на 26 август (четврток), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со писателката и со илустраторот ќе го води уредничката на изданието Оливера Ќорвезироска, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Илустрираната книга за деца е во…

Едукативна тура низ Скопје инспирирана од „Мистериозниот град под калето“

По повод 58 години од катастрофалниот скопски земјотрес, на 26 јули (понеделник), со почеток во 9 часот, ќе се одржи едукативната тура наречена „Скопска авантура“. Настанот, наменет за деца и младинци, е инспириран од интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ, со илустрации од Марко Јанев, која е во издание…

Сликовницата „Девојче и мече“ од Ване Костуранов излезе на корејски јазик

Наградуваната сликовница „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов деновиве излезе од печат и на корејски јазик. Ова е трет јазик на којшто е печатена книгата. По првичната објава на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, следуваше српска верзија објавена од „Лагуна“. Во Јужна Кореја…