Ладислав Цветковски: Зрак уметничка светлина во општествените црнила

Познатиот македонски ликовен уметник, графички дизајнер и универзитетски професор, Ладислав Цветковски е новиот гостин во ТВ-проектот на „Литература.мк“, „Астрорум“. Цветковски е професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во текот на целото работно искуство интензивно ги истражува технолошките и изразните можности на електронските медиуми, а во последно време е фокусиран на дигиталната технологија…