Синоличка Трпкова: Најголема желба ми е да снимам филм по расказите од „Никогаш не кажувам“

Во присуство на многубројни гости од домашната културна сцена, вчеравечер (11 ноември), во книжарницата „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ беше промовирана првата прозна книга на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“. Промоцијата на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја водеше уредничката Оливера…