Со книжарницата „Литература.мк“ се отвора нов свет на книгата во Струмица

„Без светлина нема радост за окото, без книга нема радост за душата.“ Со оваа мисла на големиот македонски писател Видое Подгорец, врежана заедно со неговиот портрет на плафонот, новата книжарница на „Литература.мк“ во Струмица им посакува добредојде на сите посетители во светот на книгите. Во саботата (19 февруари), на убавиот сончев ден, неколку стотици гости,…

Нова книжарница на „Литература.мк“ во центарот на Струмица

Со попусти, подарок-картички за лојалност, добра музика и вкусно кафе, на 19 февруари (сабота), во 13 часот, ќе биде отворена книжарницата „Литература.мк“ во Струмица. Новата кафе-книжарница се наоѓа во центарот на градот, на ул. „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4. Станува збор за прва книжарница на „Литература.мк“ во Струмица, а вкупно осма, по „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје…

Bibbych сними видеоспот во книжарницата Literatura.mk Superstore

Најголемата книжарница во Македонија, Literatura.mk Superstore, е локацијата каде што е снимен видеоспотот на младата хип-хоп музичарка Бибич (Bibbych), за нејзината нова песна Don’t Judge The Cover. Насловот на нумерата (прев. Не ја суди корицата) е извлечен од познатата изрека: „Не ја суди книгата по корицата“, па одлично се вклопува со амбиентот богат со книги…

Книжарницата „Литература.мк“ слави две години со попусти и изненадувања за купувачите

Пред точно две години, на 15 октомври, книжарницата „Литература.мк“ од интернет се пресели на најфреквентната пешачка зона во Скопје – улицата „Македонија“, бр. 21 (спроти спомен-куќата на Мајка Тереза). За само 24 месеци ексклузивната кафе-книжарница прерасна во едно од најпрепознатливите и најпосетени места во центарот на Скопје. Роденденот го славиме со 20% попуст на белетристика…

Книжарница во која се продаваат само потпишани примероци на книги

При остра конкуренција, секој книжар се обидува да најде начин како да се одвои на конкуренцијата. Така, сопственикот на книжарницата во Алабама, Џејкоб Рајс, одлучил да продава само книги што се потпишани од нејзините автори. Иако понудата на овие книги е значително помала во однос на другите книжарници, сепак продажбата на книги е во постојан пораст.…

Книжарницата „Литература.мк“ од интернет се пресели на улицата „Македонија“

Вчеравечер (сабота, 15 октомври), во строгиот центар на Скопје, на најфреквентната пешачка артерија, се отвори ново место што ќе ги обединува сите фини нешта. Станува збор за нова, ексклузивна книжарница „Литература.мк“, која од интернет сега се пресели на улицата „Македонија“, бр. 21 (спроти спомен-куќата на Мајка Тереза). „Литература.мк“ постои на интернет веќе пет години, а сега…