„Поклони се и почни“ е симболичен поттик за секое дете да го земе микрофонот на своите желби в раце
Новата книга за деца „Поклони се и почни“ деновиве излезе од печат, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Сликовницата е со текст на Владимир Лукаш и илустрации од Љубиша Камењаров. „Поклони се и почни“ е ведра, игрива книга за заедништвото, забавно поттикнување на децата (и животните!) да учествуваат во најразлични собирања…