Разиграна промоција на „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска во „Литература.мк“
Во разиграна атмосфера, со присуство на публика од сите генерации, вчеравечер (24 октомври) во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ беа промовирани книгите за деца „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска, со илустрации од Ивана Јовановска. Сликовниците, кои се дел од едицијата „Сезнајковци“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина –…