Одбележуваме 122 години од раѓањето на Ернест Хемингвеј со пет негови најзначајни дела во издание на „Арс Ламина“

Со современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“, „Подвижна гозба“ и лектирното издание на „Старецот и морето“ одбележуваме 122 години од раѓањето на еден од најголемите американски писатели на минатиот век, добитник на Нобеловата и Пулицеровата награда за литература – Ернест Хемингвеј. Книгите, кои неодамна беа објавени со нов дизајн,…

Објавена досега неиздадена приказна од Хемингвеј

Американското книжевно списание „Стенд“ (The Stand Magazine) издаде досега необјавена кратка приказна од славниот писател Ернест Хемингвеј. Станува збор за расказот со наслов „A Room On The Garden Side“ (Соба со поглед кон градината), што Хемингвеј го напишал во 1956 година. Ракописот ги има сите елементи што читателите ги сакаат во делата на Хемингвеј. Приказната…

Куси реченици, емотивни како цели книги

Кратката приказна на Хемингвеј стана синоним за моќта на добрите раскажувачи „Се продаваат чевли за бебе. Никогаш неносени“.Таа инспирираше многу автори, кои го копираа неговиот стил за да допрат до читателот и создаде жанр именуван како „флеш“ фикција. Блогот Six Word Stories е место каде што можете да прочитате многу вакви приказни, независно дали тие…

Мачките на Хемингвеј ги зачуваа сите девет животи во текот на ураганот Ирма

Ураганот Ирма опустоши градови, уништи домови, патишта, возила, но преживеаjа полидактилните мачки на Хемингвеј. Педесет и четири мачки, од кои неколку директни потомци на мачките на Хемингвеј, го преживеаjа ураганот Ирма во подрумот на неговата куќа во Ки Вест на Флорида. Сите мачки, заедно со десетина луѓе, се спуштија во подрумот на куќата што денес…

Избор на двојник на Хемингвеј

Повеќе од 150 крупни и брадести мажи се собраа на натпреварот во Кивест на Флорида, каде што по повод роденденот на писателот Ернест Хемингвеј, традиционално се избира неговиот двојник   Секое лето во Кивест е резервирано за годишното натпреварување во барот „Слопи Џос“, место што Хемингвеј често го посетувал во текот на триесеттите години на…