Славчо Ковилоски: „Кратката пролет на Моно Самоников“ од Димитар Солев е роман кој лесно се пресликува и во денешно време
„Кратката пролет на Моно Самоников“ од Димитар Солев се смета за прв егзистенцијалистички роман во македонската литература, а по повод реобјавувањето на ова култно дело, вчера на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“ беше организиран разговор со поетот, прозаист и книжевен историчар Славчо Ковилоски. Книгата првпат е објавена во 1964 година, но сега доби и…