Јелена Лужина: Во „Скопски есеи“ ги портретирам големците кои оставиле трага врз македонската култура

„Еден град се усвојува, а не се освојува. Природно е и нормално градовите да ги У-својуваме, а не да ги О-својуваме! И обратно: тие да нè У-својуваат нас.“ Со овие зборови познатата преведувачка, театролог и книжевен теоретичар, Јелена Лужина нѐ воведува во својата нова книга „Скопски есеи“, која беше претставена со онлајн-промоција, на 13 ноември…