Детска литература: Топ осум (не)задолжителни лектири за на плажа

Во паузите од пливање и игрите на плажа, ќе се согласите дека книгите се најдобрата забава и релаксација на годишниот одмор. Покрај задолжителните лектири, ви предлагаме листа со осум (не)задолжителни романи, што можете да ги прочитате за време на распустот. Ова се поучни и забавни приказни, не само за децата туку и за родителите. Книги…

10 најдобри детски книги за ова лето

Задолжителната литература, лектирите не секогаш се доволно атрактивни за децата за да ги понесат на одмор и да се уживаат во нив. Но, за создавање и продлабочување на читачката навика ние ви ги нудиме детските хитови на кои ниту децата ниту возрасните не можат да останат рамнодушни. 1. Комплет „Басни од Македонија“: „Лакомата мечка“, „Војската…

Секое дете може да биде суперхерој

Длабоко нурнување во светот на децата, без да им се додворувате, да ве засакаат и да бараат уште, тоа од рака и појде на писателката Билјана С. Црвенковска, која по првиот роман, „Што сонуваше Дедо Мраз“, го издаде и вториот „Приказни од Зеленпарк – Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“. Романот беше промовиран на неодамнешниот…

Едиција „Фиданки“ за идните страсни читатели

Едицијата насловена како „Фиданки“ е серија детски лектирни изданија за почетно читање. Идеално создадена за најмладите ученици, оваа едиција детски илустрирани книги може да им помогне на децата при полесно совладувањето на техниката на читање, истовремено нудејќи им привлечна шареноликост со изборот на теми и ликови во приказните. Секој од четирите наслови во серијата зборува за…

Недела на италијанската книга

Книгите од италијанските автори на попуст во книжарниците „Литература.мк“, „Култура“, „Или-или“, „Магор“, „Икона“, „Антолог“ и „Матица“. Од 31 октомври до 5 ноември, во рамките на „Недела на италијанската книга“, во организација на Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје, ќе читаме италијански книги и ќе ја доживуваме Италија низ различни уметнички форми. Во продолжение следуваат детали од…

Саем на книга во Франкфурт: Голем интерес за македонската детска литература

Над шеесет наслови детски и едукативни изданија беа промовирани денеска (21.11) пред публиката во Франкфурт. Меѓу нив е и едицијата „Бајки од Македонија“ како и авторските романи за деца на писателката Билјана Црвенковска. Едицијата „Бајки од Македонија“, составена од неколку народни приказни од Марко Цепенков и Танас Вражиновски преточени во модерни сликовници,предизвика голем интерес кај…

Авторите на литературата за деца доминираат како најплатени меѓу писателите

Десетте најдобро платени светски писатели меѓу јуни минатата година и јуни оваа година заработиле вкупно 269 милиони долари бруто, што е 86 милиони долари помалку во споредба со минатогодишната заработка. Според „Форбс“, меѓу писателите најмногу заработил Џејмс Патерсон – 95 милиони долари. Патерсон пишува детективски романи и книги за деца, објавува од 15 до 16…

13 најчитани книги на литература.мк

Ова се најчитаните книги за ова лето според корисниците на литература.мк Нултиот број – Умберто Еко Tрилер што се чита во еден здив, а ни открива како новинарството уште во текот на деведесетте години на минатиот век добива таблоидна форма и станува оружје во рацете на оние што грабаат богатство и моќ. Момчето милијардер: Марк…

Роман за модерните момчиња и девојчиња

„4 пријатели онлајн!“ е најновиот роман во издание на нашиот најсакан детски бренд Либи, наменет за модерните момчиња и девојчиња над 9 години. Еуџенио не е омилена личност во училиштето. Марко е ужасно здодевен. Елизабета е извештачена, од прва категорија. Џанлука е неподнослив мрморко… Во секојдневната реалност, овие четворица не се поднесуваат. А кога се среќаваат, на…

Либи подароци за децата од сите возрасти (2)

Се ближи најубавиот период во годината, а нашите најмили палавковци, како што е ред, си очекуваат подароци. 🙂 Повеќето родители ги следат упатствата за здрава исхрана на децата, па се повеќе се трудат да ги заобиколат класичните пакетчиња полни со чоколади и бонбони и да најдат подобар подарок кој ќе биде покорисен и ќе трае…

„Арс Либрис“ и „Либи“ на саемот на книгата, Кочани 2015

Во рамките на одбележувањето на месецот на книгата, Јавната општинска установа библиотека „Искра“ – Кочани го организира традиционалниот есенски продажен „10. Саем на книгата – Кочани 2015“, како понуда на најнови наслови на книги од повеќе издавачки куќи до љубителите на пишуваниот збор во општината Кочани. Издавачката куќа „Арс Ламина“, со своите импринти „Арс Либрис“…

Серијалот „Замокот на стравот“ во издание на Либи

Мои драги и баксузни пријатели, почнете веднаш да се тресете, бидејќи во Замокот на стравот треперењето си е како дома! Првите три книги од познатиот серијал детски романи „Замокот на стравот“ на Гвидо Згардоли во издание на нашиот детски бренд Либи, веќе се хит на Саемот на книгата :).

Нови боенки во издание на Libi

Кон крајот на годината во рамки на нашиот новоформиран бренд за детска литература Libi излезе првиот дел од серијата забавно-едукативни боенки, а деновиве веќе се во продажба новите четири наслови во рамки на оваа серија