Австрија го награди преводот од германски на македонски јазик на збирката поезија „Вербариум“ во издание на „Арс Либрис“

Австриското министерство за култура го награди преводот на збирката поезија „Вербариум“ од Ханс Карл Артман, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот од германски на македонски јазик го направи Елизабета Линднер. Ова е трет пат како австриското министерство за култура ја наградува Линднер за превод. Претходно доби признанија…