Сликовницата „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов објавена на португалски јазик

Книгата за деца „Девојчето и градот“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов деновиве излезе од печат и на португалски јазик, со наслов „A Menina e a Cidade“. Книгата ја објавува португалскиот издавач „Алфароба Едисоенж“ (Alfarroba Edições). Сликовницата првично беше објавена во 2020 година, на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс…

НАСКОРО: Новата сликовница на Ване Костуранов – „Рекичето што сакаше да порасне“ во издание на „Арс Ламина“

Новата сликовница „Рекичето што сакаше да порасне“ на познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов, наскоро ќе излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Авторка на текстот е Ана Торма, а Бисера Бендевска придонесе за пловноста на приказната на македонски јазик. Уредничка на сликовницата…

Го одбележуваме Светскиот ден на детето: Добрите книги ги штитат децата од суровиот свет

Со цел да се насочи вниманието на јавноста на сите обврски што општеството ги има кон децата, како и на најважните проблеми со кои се соочуваат децата, на 20 ноември, на глобално ниво, се одбележува Светскиот ден на детето. На овој датум, во 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на…

Магичниот свет на илустрациите на Ване Костуранов во фокусот на фестивалот „Внимавај, книга!“ во Загреб

Богатиот, неверојатно магичен и крајно суптилен свет на илустрации од исклучителниот македонски автор Ване Костуранов, ќе биде претставен во рамките на Фестивалот на книгата и книжевноста „Внимавај, книга!“ (Pazi, knjiga!), што од 25 до 29 октомври ќе се одржи на неколку локации во Загреб. Во рамките на ова прво, сеопфатно претставување на Костуранов пред хрватската…

Кои изданија за деца беа најбарани во „Литература.мк“ минатиот месец?

Новиот, четврти дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер, сликовници и романи од нови, но и од етаблирани домашни автори за деца се најчитаните наслови за деца од „Литература.мк“ во септември. Мошне се барани и наслови од едицијата „Лесно читливи лектири“, книгите од серијалот Исидора Мун, интерактивни книги со логички вежби, пиши-бриши вежбанки со…

Сликовницата „Мирко Немирко“ од Ана Ѓокиќ и Ване Костуранов е топла приказна за едно палаво облаче кое сака да ги развесели луѓето

Сликовницата „Мирко Немирко“ од Ана Ѓокиќ и Ване Костуранов, ќе биде промовирана онлајн, на 26 август (четврток), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со писателката и со илустраторот ќе го води уредничката на изданието Оливера Ќорвезироска, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Илустрираната книга за деца е во…

„Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов наскоро ќе бидат објавени на турски јазик

Сликовниците „Девојче и мече“ и „Девојчето и градот“ од Ване Костуранов наскоро ќе бидат објавени во Турција. Книгите што првично беа отпечатени на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе добијат и верзија на турски јазик. Тие ќе бидат застапувани од турската агенција за копирајт и превод „Акдем“ (Akdem),…

Сликовницата „Девојче и мече“ од Ване Костуранов излезе на корејски јазик

Наградуваната сликовница „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов деновиве излезе од печат и на корејски јазик. Ова е трет јазик на којшто е печатена книгата. По првичната објава на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, следуваше српска верзија објавена од „Лагуна“. Во Јужна Кореја…

„Арс Ламина“ на тркалезна маса за детска литература на фестивалот „Литера“

Како македонската литература за деца полесно да ги премине границите на нашата земја – е темата на која вечерва во 19 часот во Чифте-амам ќе се одржи тркалезна маса, како дел од програмата на третото издание на Фестивалот за литература и илустрација за деца „Литера“. На настанот ќе учествуваат: Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во издавачката куќа…

„Девојче и мече“ од Ване Костуранов се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“

Сликовницата „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на престижната книжевна листа „The White Ravens“ 2019. Секоја година, Интернационалната младинска библиотека од Минхен објавува листа на книги за деца и млади, од автори од целиот свет, кои…

Ване Костуранов на фестивал за сликовници во Хрватска

Познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов ќе учествува на фестивалот за сликовници „Чувари на приказните“ (Čuvari priča), што ќе се одржи од четврти до шести јули во Градската сеучилишна книжарница во Осиек, Хрватска. Авторот на наградуваните сликовници „Ѕведено дете“ и „Девојче и мече“ ќе одржи работилница за деца на тема: „Шумите зборуваат, ние цртаме“.…

Ване Костуранов: Сликовницата „Девојче и мече“ е посветена на растењето на ќерка ми Ава

Уште од мал повеќе сакал да се изразува со цртежи и слики, отколку со зборови. Неговата најголема желба – никогаш да не порасне, решил да си ја оствари сам, употребувајќи ги сликарството и илустрацијата како жива ограда од светот на возрасните. Својот светоглед го има споделено на повеќе изложби во земјата и во странство. Двата…

Најчитаните книги во 2018 година

Од ѕвезденото дете, до приказните за бунтовните девојчиња како ѕвезди-водилки за децата. Од Скопје, преку Сараево, па сѐ до Монмартр во Париз. Од интерактивниот графички роман ТКЦП за новите генерации, до класични, безвременски романи како „Гордост и предрасуда“… Во 2018 година книгите нѐ однесоа на волшебни „патувања“ во светот на најмладите, разоткривме нови светови и…

„Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов на Фестивал на сликовници во Пожега

Илустрираната книга „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов беше претставена на Фестивалот на детски сликовници „Чигра“, што од трети до петти октомври се одржа во Пожега, Србија. Сликовницата е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина“. „Чигра“ е млад фестивал, што пред три години го иницирала Даниела Скоковиќ од Народната библиотека во Пожега, со цел да…

(ФОТО) Потписи од Ване Костуранов за ѕвездените деца

Бројни ѕвездени дечиња присуствуваа на средба и дружбата со Ване Костуранов, сликар, илустратор и автор на неодамна промовираната сликовница „Ѕвездено дете“  на 5 мај на штандот на „Литература.мк“ во рамки на 30. издание на Саемот на книгата. Тој потпиша примероци од книгата во издание „Арс Ламина“. Приказната во сликовницата се раскажува околу Ѕвездан – дете…