Дрво старо 110 години стана библиотека

Американската уметница Шаралеј Армитаж Хауард направи мини библиотека од 110-годишно дрво. Наместо да го отстрани стариот трупец создала магичната библиотека наречена „Little Tree Library“. Библиотеката, сместена во семејниот двор на Шаралеј во Ајдахо, САД, ќе биде наменета за целото соседство. Од неа бесплатно може да се позајмуваат и разменуваат книги. Внатрешноста на дрвото е осветлена…

Ѓубреџија собирал фрлени книги, па отворил библиотека

Еден Колумбиец, кој 20 години возел камион за ѓубре во Богота, ги собирал фрлените книги и на приземјето на својата куќа отворил бесплатна библиотека. Хозе Алберто Гутиерес го доби прекарот „Господар на книгите“, бидејќи од 1997 година почнал да собира книги, кога забележал дека граѓаните ги фрлаат книгите во кантите за ѓубре. Гутиерес, кој сега…

Интересна домино низа од книги

Библиотеката во Сиетл не само што е позната по зградата во која е сместена туку и по најзанимливата домино низа од книги која ја направија тамошните библиотекари. За да го придобијат вниманието на јавноста, оваа библиотека во 2013 година одлучи да направи на домино низа од книги, со цел да ја промовира програмата за летно…

Мој литерарен херој е Кундера

Моја библиотека: Ивана Тасев     Ивана е девојка што не може да ја „промашите“ ако се движите во Скопје, без разлика дали се тоа културни настани (театар, филм, изложба, промоција на книга), модни ревии, концерти, кафулиња… Новинар по професија, фотограф, урбан лик, естета, посветена тетка :)… и најверојатно има уште многу други епитети кои…

Пол Муад Диб ми беше алтер его

Моја библиотека: Бојан Трифуновски   Бојан Трифуновски е еден од оние ликови со кои можеш да правиш муабети до сабајле, на многу теми, од театар и филм до квантна физика, но која и да е темата едно е јасно: he knows his books! Не само драми, не само класици, не само она што морал да…