„Белиот чад“ како филм ноар

Никола Гелевски: Сложената и разгранета наративна конструкција во „Белиот чад“, како во ноар филмот, создава свет во кој преовладува чувството на отуѓеност и фатеност во стапица од која нема излез. Дистанцирани од нормалниот свет, но истовремено и нурнати во неговите мрачни текови, ликовите се обележани со некој вид дефинитивна изолираност и отуѓеност, а нивната оддалеченост од стварноста станува безнадежна. Оливера Николова е одлична портретистка, виртуозна создавачка на атмосфера и неуморна барачка на суптилни детали.

„Арс Ламина“ ќе промовира десет тома од творештвото за возрасни на Оливера Николова

На 30 март (среда), со почеток во 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет, ќе се одржи промоцијата на десет тома со 12 книги за возрасни на познатата писателка Оливера Николова. Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, го реобјавува целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата…