„Детелинки-белинки“ – нова збирка со шеснаесет современи бајки од македонски автори
Новата книга за деца „Детелинки-белинки“, која содржи шеснаесет современи бајки од 15 македонски автори, излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Изборот на бајките во оваа збирка е направен од пристигнатите материјали на конкурсот за новосоздадени бајки на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и…