Јана Мишо ‒ новата хероина на тинејџерската читателска публика

Mладата авторка Јана Мишо неодамна ја промовираше својата најнова книга „Јас сум Миа“. Ова е трета нејзина објава, по „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ во издание на „Арс Ламина – публикации“. За кратко време книгата постигна голема популарност и беше најпродавана книга на штандот на „Литература.мк“ за време на 31. издание на Саем на…

Коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ од ТВ „Арена спорт“ во „Астрорум“

По гостувањето на врвниот македонски новинар Зоран Михајлов, во „Астрорум“ го отворивме патот и за новинарските ѕвезди од доменот на спортот. Со голема радост ви го најавуваме разговорот со Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, спортските новинари од ТВ „Арена спорт“, кои неодамна, со своите високопрофесионални и емотивни водења на преносите на натпреварите на ракометниот клуб Вардар…

Ведрана Рудан: Она што мене сега ми се случи во Македонија, тоа ми се нема случено никаде во светот.

Во најновото издание од серијалот „Астрорум“ можете да ја видите средбата пред камерите со хрватската колумнистка и писателка со огнен јазик, Ведрана Рудан. Кој имал можност да се запознае со нејзиниот наратив без пардон, а особено со нејзината контроверзна личност, знае за каков предизвик станува збор. Но, едно е сигурно, дека оваа вонредно интелигентна, исклучива…

Џон Илија Апелгрен: Среќен сум што моите музички идоли ми станаа пријатели

Познатиот џез-вокалист Џон Илија Апелгрен во ова издание на „Астрорум“ ја открива својата музичка приказна. Тој веќе три децении, на нашата сцена го одржува жанрот што не е карактеристичен за нашето поднебје, маестрално исполнувајќи ги најубавите џез-стандарди од светската музичка литература. Апелгрен се смета за еден од најдобрите вокали во регионот, а зад себе има…

Моџо Килингтон: Со „Аутопсија на љубовта“ ја губам поетската невиност

Неодамна, непосредно пред објавувањето и промоцијата на неговата прва збирка поезија „Аутопсија на љубовта“ во издание на „Арс Ламина ‒ публикации“, се сретнавме со авторот, Божидар Божиновски алијас Моџо Килингтон и го снимивме и неговото прво големо телевизиско интервју за емисијата „Астрорум“ на „Литература.мк“. Моџо е сценарист и еден од најпопуларните активисти на социјалните мрежи…

Ладислав Цветковски: Зрак уметничка светлина во општествените црнила

Познатиот македонски ликовен уметник, графички дизајнер и универзитетски професор, Ладислав Цветковски е новиот гостин во ТВ-проектот на „Литература.мк“, „Астрорум“. Цветковски е професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а во текот на целото работно искуство интензивно ги истражува технолошките и изразните можности на електронските медиуми, а во последно време е фокусиран на дигиталната технологија…

Снежана Анастасова-Чадиковска: Преку приказните од пијаното до приказните за дружината на борот

Снежана Анастасова-Чадиковска е истакната пијанистка, професорка по пијано и музичка публицистка. Својот прв настап на концертниот подиум го бележи во 1972 година и оттогаш е постојано присутна на македонската музичка сцена. До 1984 година е претежно солист, а потоа и пијано-придружник на голем број македонски и странски музички уметници. Има настапувано во многу музички центри во Македонија…