„Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ ја шират македонската култура – достапни и на јапонски јазик

„Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ продолжуваат да ја докажуваат својата универзална вредност. Осум бајки и басни што се дел од овие изданија отсега ќе бидат достапни и на јапонски јазик и во нив ќе можат да уживаат и децата од Јапонија. Бајките „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Вејко Северко“, „Двата цара“,…

Топ 10 најбарани изданија за деца и млади во „Литература.мк“ во февруари

Новата книга „Мачешки исповеди или Што значи да се биде маче“ од авторката Катерина Трајановска, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, која беше промовирана во февруари, е најбараното издание за деца во „Литература.мк“ минатиот месец. Следува „Хари Потер и Редот на фениксот“ – петтиот дел од серијалот за младиот волшебник од…

„Арс Ламина“ ги награди најдобрите на конкурсот „Jас сум пријател на децата во болница“ во организација на Здружението САНО

Неколку стотици ученици од основните и средните училишта од цела Македонија учествуваа на креативниот конкурс на тема „Jас сум пријател на децата во болница“ во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа САНО – Скопје. Победниците беа наградени со дипломи и книги во издание на „Арс Ламина“, на настан што се одржа…

Одбележуваме 210 години од раѓањето на писателот Чарлс Дикенс

На денешен ден (7 февруари) пред 210 години е роден славниот британски писател Чарлс Дикенс. Автор е на едни од најзначајните книжевни класици: „Божиќна песна“, „Дејвид Коперфилд“, „Оливер Твист“, „Приказна за два града“ и „Големите очекувања“. Чарлс Џон Хафем Дикенс, кој се смета за еден од најголемите писатели од викторијанската ера,  е роден 1812 година,…

„Денови на литературата“ со попусти до 50 отсто и подарок сет книги од Маркес за секоја сметка над 3.000 денари

Со попусти до 50 отсто и подарок книги, од 5 до 20 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ ќе се одржи второто издание на „Денови на литературата“. Во овие книжевни дестинации пишаниот збор се слави 365 дена во годината, но со оваа голема акција, читателите ќе можат на попуст да најдат голема селекција на книги…

Излезе од печат „Хари Потер и Редот на фениксот“ од Џ. К. Роулинг во издание на „Арс Ламина“

Волшебна вест за сите љубители на Хари Потер! Од печат излезе „Хари Потер и Редот на фениксот“ од авторката Џ. К. Роулинг, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за петтиот дел од серијалот за младиот волшебник Хари Потер и неговите авантури во светот на волшебниците и магијата. Оваа,…

Сашко Илов: Книгата „Џоломарите“ е сведоштво за паганскиот ритуал кој е наше живо културно наследство

Традиционалниот пагански ритуал џоломари, што секоја Василица се одржува во селото Бегниште, Кавадаречко, е во фокусот на новата книга со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов. Монографијата, која е двојазична, на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата беше…

„Џоломарите“ е фотоприказна за традиционалниот пагански ритуал во с. Бегниште

Книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов ќе биде претставена со онлајн-промоција, на 26 јануари (среда), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со Сашко Илов, еден од авторите на фотографиите во книгата, ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на…

Најпродавани книги за 2021 година од издавачката куќа „Арс Ламина“

Секоја година издавачката куќа „Арс Ламина“ ги избира десетте најпродавани книги што го предизвикале вниманието со нивните неверојатни пораки, интересни приказни и исклучителна важност за нашето живеење. Селекцијата ги опфаќа сите жанрови, книжевни класици, бестселери, инспиративни книги за самопомош и друго. Марк Менсон втора година по ред е најпродаван автор во издавачката куќа „Арс ламина“.…

Кенет Брана сними нов филм по крими-романот „Смрт на Нил“ од Агата Кристи

По адаптацијата на култниот роман од Агата Кристи „Убиство во Ориент експрес“ во 2017 година, британскиот актер и режисер Кенет Брана ја филмува и приказната од книгата „Смрт на Нил“. Новата филмска верзија на крими-романот од 1937 година ќе биде премиерно прикажана во февруари оваа година. И во новата верзија Брана, покрај режијата, се јавува…

Славиме 25 години магија со волшебниот свет на Хари Потер

Со нови објави на книгите, премиера на документарец, нов филм, креативни работилници, книжевни средби, изложби и настани под маски, како и конкурси и акции на социјалните мрежи, во светски рамки, во текот на 2022 г. ќе бидат одбележани 25 години од објавувањето на првата книга од популарниот серијал „Хари Потер“ од Џ. К. Роулинг. Имено,…

„Арс Ламина“ со попусти до 50 отсто на предновогодишниот книжевен базар во „Скопје сити мол“

Со попусти до 50 отсто на најбараните изданија и празнични новитети, издавачката куќа „Арс Ламина“ е дел од предновогодишниот книжевен базар, што од 7 до 12 декември се одржува во „Скопје сити мол“. Настанот е во координација на Македонска асоцијација на издавачи (МАИ). Книгите се траен и вреден подарок, кој влева радост со секое ново…

Изданија од „Арс Ламина“ во потесен изборот за најдобри книги според читателите – Reader’s Choice Book Awards

Петнаесет книги од издавачката куќа „Арс Ламина“ влегоа во потесниот избор на наградата за најдобри книги според читателите – Reader’s Choice Book Awards. Натпреварот „Книга на годината“ во Македонија, кој се одвива онлајн на интернет-страницата http://www.kniganagodinata.mk и каде што сите читатели можат да го дадат својот глас за омилените изданија. Селекцијата се базира на девет…

Магичниот свет на илустрациите на Ване Костуранов во фокусот на фестивалот „Внимавај, книга!“ во Загреб

Богатиот, неверојатно магичен и крајно суптилен свет на илустрации од исклучителниот македонски автор Ване Костуранов, ќе биде претставен во рамките на Фестивалот на книгата и книжевноста „Внимавај, книга!“ (Pazi, knjiga!), што од 25 до 29 октомври ќе се одржи на неколку локации во Загреб. Во рамките на ова прво, сеопфатно претставување на Костуранов пред хрватската…

Стефан Тиќми: „Јас сум Акико“ е поетски роман за осаменоста

Неговото пишување е опојно како стиховите на Миќа Антиќ, бајковито мудро како во „Малиот принц“ на Антоан де Сент Егзипери, а духовито и топло како текстовите на Игор Коларов. Познат е по тоа што во населбата Анчики, блиску до неговиот роден град Лесковац, во напуштена куќа направил мала бесплатна библиотека со 5.000 книги. Воедно, пошироката…