Донација на „Литература.мк“ и „Арс Ламина“ во хуманитарната акција на Црвен крст – „Подари пакетче, подари радост“

Книжарниците „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ донираа 350 изданија за деца во предновогодишната хуманитарна акција на Црвен крст – Кисела Вода, „Подари пакетче, подари радост“. Под мотото „Вистинските суперхерои носат срце полно љубов“, на 24 декември, во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“ во Скопје беа доделени пакетчиња на деца од социјален…

„Арс Ламина“ донира книги од едицијата „Лесно читливи лектири“ за библиотеката на ООУ „Киро Глигоров“

Со цел поттикнување на читачките навики кај учениците издавачката куќа „Арс Ламина“ донира пакет книги на ООУ „Киро Глигоров“ – Скопје. Со оваа донација ќе се збогати книжевниот фонт во училишната библиотека. Станува збор за читанки од едицијата „Лесно читливи лектири“, кои се наменети за деца што сакаат да прочитаат книга плус. Книгите се со…

Едукативните новогодишни пакетчиња за умни дечиња

Додадете магија на претпразничниот амбиент, и израдувајте ги своите најмили со новите едукативни новогодишни пакетчиња за умни дечиња. Тие се трајни, забавни, интерактивни и што е најважно, не ги расипуваат забите! Во понудата на „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ се новогодишни пакетчиња наменети за деца на возраст до пет години, како и за над пет…

„Арс Ламина“ ќе промовира пет реобјавени дела од Блаже Конески, во чест на стогодишнината од неговото раѓање

Во чест на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески, издавачката куќа „Арс Ламина“ реобјави пет негови значајни дела. Станува збор за стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, кои се со нови предговори и поговори, напишани од…

Цел месец новогодишно празнување и подарување во книжарниците „Литература.мк“

Со подарок книга за секоја купена книга и попусти до 50 отсто почнува новогодишното прославување во книжарниците „Литература.мк“. Во акцијата „Празнуваме и подаруваме“, која ќе трае еден месец, од 10 декември до 10 јануари, ќе има специјални новогодишни понуди на едукативни пакетчиња за деца, намалувања на цените на книги и пакет книги, како и на…

Black Friday во книжарниците „Литература.мк“: цела недела попусти до 50 отсто

Во рамките на најголемиот шопинг-настан Black Friday („Блек фрајдеј“), во книжарниците „Литература.мк“ ќе има попусти до 50 отсто на книги од издавачката куќа „Арс Ламина“, како и на други производи од повеќе реномирани брендови. Продажната акција ќе трае цела недела, почнувајќи од 22 ноември (понеделник), па сѐ до 28 ноември (недела). Попустите важат и за…

Јелена Лужина во новата книга „Скопски есеи“ ги портретира големците што оставиле трага врз македонската култура

Во чест на Денот на ослободувањето на Скопје, на 13 ноември (сабота), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн-промоција на книгата „Скопски есеи“ од Јелена Лужина. Онлајн-разговорот со авторката, која е позната по својата работа како преведувачка, театрологот и книжевен теоретичар, ќе го води уредникот на изданието Ведран Диздаревиќ, а ќе може да…

Реобјавувањето на „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ од Живко Чинго претставува навраќање кон нашите извори

Во рамките на проектот на издавачката куќа „Арс Ламина“ за реактуализирање на најзначајните дела од нашата книжевност, неодамна од печат излегоа класиците „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ од Живко Чинго. Реобјавените книги се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, во издание на „Арс Либрис“, односно „Арс Ламина – публикации“ и се со нов,…

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и книжарниците „Литература.мк“ со промоции, попусти до 80 отсто и подароци на Саем на книгата 2021

Под слоганот „Овде книгата греит душата“, како паралела на познатиот стих од антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе се претстави на претстојниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од 8 до 14 септември, во близина на Аква паркот, кај „А1 Арена“ – СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје. На…

Книгата „Од компетентност до комплетност“ од Kиро Јорданов е водич за преживување на наставниците

Новата книга во издание на „Арс Ламина“, „Од компетентност до комплетност: водич за преживување на наставници“ од Kиро Јорданов, ќе биде промовирана онлајн, на 24 август (вторник), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со авторот ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс…

Одбележуваме 86 години од раѓањето на Живко Чинго со реобјавените „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“

На денешен ден (13 август) во 1935 година во селото Велгошти, Охридско, е роден еден од доајените на македонската литература – Живко Чинго. Со реобјавените класици „Пасквелија и Нова Пасквелија“ и „Големата вода“ одбележуваме 86 години од раѓањето на овој истакнат македонски раскажувач, романописец и драмски писател. Книгите што неодамна излегоа од печат во ново…

„Арс Ламина“ со поддршка за младите шахисти на „Ласкер“ во Охрид

Сѐ со цел промовирање на шаховската игра и поттик на младите шахисти, издавачката куќа „Арс Ламина“ традиционално ги поддржува настаните во организација на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид. Најновата соработка е во рамките на акцијата за рекреативно играње шах на членовите на ШК „Ласкер“ со случајните минувачи и туристи кои престојуваат во Охрид. „Арс Ламина“…

„Тито и Дино“ е првата македонска сликовница целосно изработена со кирилски фонт за дислексија

Илустрираната книга за деца „Тито и Дино“, која неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е првата македонска сликовница целосно изработена со специјален фонт за дислексија. Во делото од авторката Ј. Мишо, што е збогатено со илустрации на Оливер Коларевски, е користен кирилскиот фонт DyslexicFZF, кој е специјално…

„Арс Ламина“ ги опреми со книги домовите во хуманитарната акција „Проект куќа“

Куќа без книги е како соба без прозорци. Секој дом е комплетен кога има книжевно катче, кое внесува посебна топлина, ведрина и надеж. Секое дете треба да живее безгрижно, со пристап до соодветна литература и едукативни изданија. Имајќи ја предвид важноста секое дете да расте опкружено со книги, издавачката куќа „Арс Ламина“ се вклучи во…

„Арамиско гнездо“ од Ѓорѓи Абаџиев е историска авантура за ајдутството, борбата и љубовта

Реобјавениот македонски книжевен класик, „Арамиско гнездо“ од писателот Ѓорѓи Абаџиев, беше претставен вчеравечер (13 јули), со онлајн-промоција на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Кон делото се осврна проф. Марија Георгиева Димова, професорка по компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. „Арамиско гнездо“ е роман за сите љубители на историската фикција. Станува збор за еден…