Осовременетата „Автобиографија“ на Цепенков е одличен влез за децата во нашето народно творештво

Книгата „Автобиографија“ на најпознатиот македонски собирач на народни умотворби, Марко Цепенков, која е со осовременет јазик и чиј концепт е адаптиран за децата, вчера беше онлајн промовирана на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Модераторот на настанот што се одржа по повод 100-годишнината од смртта на овој значаен домашен автор беше уредникот на изданието, Ведран Диздаревиќ, кој посочи…