„Подоцна“ – нов застрашувачки роман од кралот на хоророт Стивен Кинг

По „Сјаење“, „Доктор Сон“, „Кери“, „Тркачот“, „Колку покрваво“ и серијалот „Зелената милја“, деновиве од печат излезе новиот, застрашувачки роман „Подоцна“ од кралот на хоророт – Стивен Кинг. Книгата, која е бестселер број 1 на „Њујорк тајмс“, на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Понекогаш растењето значи соочување…

„Хотел меѓу две војни“ од Русјаков – книга на месецот февруари во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Наградуваниот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е избран за книга за месецот февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Со делото, кое ја освои наградата „Пегаз“ (за најдобар необјавен роман во 2021 година) и е добитник на „Рациново…

Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ во октомври

Современиот класик за млади, за крајот на невиноста и за темнината на човечкото срце – „Господарот на мувите“ од  нобеловецот Вилијам Голдинг,  е најпродаваниот наслов  од областа на фикцијата во книжарниците „Литература.мк“, минатиот месец. На топ 10 листата со најбарани книги следува новиот напнат и провокативен роман за родителството, расата и класата – „Остави го…

Романот „Каде што спие ветрот“ од Дамијан Шинигој е тинејџерска романса со еколошки и педагошки пораки

Наградуваниот авантуристички роман за млади, „Каде што спие ветрот“, од словенечкиот писател Дамијан Шинигој излезе во превод на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Објавувањето на книгата е поддржано од книжевната мрежа „Традуки“. Преводот од словенечки јазик е на Дарко Спасов, а уредничка е Бисера Бендевска. Заради своите…

„Остави го светот зад себе“ од Румаан Алам е напнат и провокативен роман за родителството, расата и класата

За сите љубители на мистерии и трилери, од печат излезе романот „Остави го светот зад себе“ од американскиот автор Румаан Алам, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во фокусот се две семејства, кои не се познаваат меѓусебно, но се присилени заедно да поминат еден викенд, во кој нештата стануваат неизвесни.…

Избрани победниците на конкурсот за дизајн на корици – „Порта Европа“

Креативните решенија на четворица млади македонски дизајнери за шест книжевни дела од европски писатели се избрани за победнички на конкурсот „Порта Европа“. На конкурсот што го распиша издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“, за најдобри се прогласени предлог-дизајните на Катерина Соколова, Ивона Јанчевска, Лара Маринковиќ и Андреј Лавчански.На отворениот повик, кој траеше од 14 јули…

„Капут од мов“ од Стефан Тиќми е поетски роман за созревањето

Новиот роман за деца „Капут од мов“ од младиот наградуван српски писател Стефан Тиќми излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Капут од мов“ е поетски роман за созревањето, за осаменоста, за уметноста, за љубовта и за природата како лек против најразличните проблеми на современиот човек…

Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Порта Европа“  

Издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ ги поканува илустраторите и дизајнерите на возраст до 35 години да достават предлог-дизајни на корици за шест романи од едицијата „Порта Европа“.Целта на проектот „Порта Европа“ е да се создаде книжевна едиција заснована на еколошка заднина што подразбира превод, објавување, дистрибуција и промоција на шест извонредни европски книжевни дела.…

Топ 10 книги од „Литература.мк“ во чест на Светскиот ден на музиката

Музиката го разубавува нашиот живот. Taa може да предизвика чувства на среќа, возбуда, но и на тага. Знае да нè развесели, да нè разигра или, пак, да нè растажи, па дури и да нѐ расплаче. Генијалниот научник Алберт Ајнштајн има речено: „Да не бев физичар, веројатно ќе бев музичар. Често размислувам со музика. Јас ги…

„Писатели и љубовници“ од Лили Кинг е нежна приказна за љубовта, загубата и пишувањето

По успехот на нејзиниот високо ценет и наградуван роман „Еуфорија“, писателката Лили Кинг се враќа со нова, нежна приказна за љубовта, загубата и за предизвиците на една млада авторка. Станува збор за романот „Писатели и љубовници“, кој неодамна излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.…

Книгата „Умирам ли?“ одговара на дилемата дали да се опуштите или итно да заминете во болница

Кога да се опуштите, кога да закажете лекарски преглед, а кога итно да заминете во најблиската болница?… Ова се прашањата на кои одговара новата книга Умирам ли?“ од Кристофер Кели и Марк Ајзенберг, која на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Здравје…

Онлајн-промоција на македонски превод на комедијата „Мир-Божица – Ејрене“ од Аристофан

Македонскиот превод на делото „Мир-Божица – Ејрене“ на грчкиот комедиограф Аристофан ќе биде онлајн промовирано на 28 јануари (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Грчкиот комедиограф Аристофан напишал 44 комедии, но само 11 се зачувани, меѓу кои и „Мир-Божица – Ејрене“, која неодамна беше објавена од „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –…

Марија Костадиновска: „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ е наменета за сите деца кои се кралеви и кралици

Марија Костадиновска е дипломиран филолог, професионален едриличар и авторка на книгата за деца „Вистинска приказна за двете соседни кралства“. Отсекогаш сакала да пишува за најмладите, а нејзината желба конечно стана стварност. Издавачката куќа „Арс Ламина“ неодамна ја објави „Вистинска приказна за двете соседни кралства“ во која илустрациите се на Александра Филипоска. Делото може да се…

Спортскиот биограф Лука Кајоли – гостин на „Арс Ламина“ на македонскиот штанд на Саемот на книгата во Франкфурт

Најпознатиот светски автор на биографии на спортисти, Лука Кајоли, беше специјален гостин на издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“ на македонскиот штанд во рамките на 70-тото издание на Саемот на книгата во Франкфурт. Тој изрази задоволство од македонските верзии на неговите книги „Роналдо: Опсесија за совршенство“ и „Меси: Приказна за момчето што стана легенда“, што…

Авторката Франческа Кавало воодушевена од македонското издание на „Бунтовни девојчиња“

Франческа Кавало, една од авторките на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, е воодушевена од македонското издание на книгата. Своето задоволство од верзијата на македонски јазик им го пренесе на претставниците од македонскиот издавач на книгата – „Арс Ламина – публикации“, на средбата што се одржа вчера (11 октомври 2018 година)…