Најпродаваните наслови на Саемот на книгата 2015

Што беше апсолутен хит на саемот на книгата, кои беа најпродаваните „машки“, „женски“, детски, тинејџерски книги, што е најпродавано во одредени жанрови… Еве ја нашата листа на најпродавани книги, па можеби ќе пронајдете нешто што сè уште не е дел од Вашата библиотека, а е токму за вас :).

Авантурите на Дина и Додо

Дина и Додо се братче и сестриче кои, како и сите деца, многу сакаат авантури. И тоа какви авантури! Со овие најнови апсолутно пресмешни сликовници во издание на Либи, не само што читаме приказна, туку и решаваме загатки, учиме нови работи, мноооогу се смееме на глас, но и… раскажуваме своја приказна!