Промоција на „Недопрени бисери“ во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје

Збирката раскази „Недопрени бисери“ од Ленче Милошевска, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана утре (14 март, вторник), во 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. На настанот, кој ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“, кон делото ќе се осврне писателката Марина…

„Литература.мк“ – најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022

Онлајн-страницата на „Литература.мк“ e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards 2022. На свеченоста, која се одржа вчеравечер (9 март), во „Даблтри Хилтон“ (DoubleTree by Hilton Skopje), беа наградени најдобрите во македонската е-трговија за 2022 година. Онлајн-книжарницата http://www.literatura.mk беше номинирана и во категоријата Е-трговец со најдобра достава за онлајн-нарачки. На…

Новиот роман на Влада Урошевиќ меѓу четирите финалисти за Роман на годината

Новиот роман на Влада Урошевиќ „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ влезе меѓу четирите финалисти за наградата Роман на годината. Станува збор за седмиот роман на академик Урошевиќ, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Во најтесниот избор…

„Џабе живиш у Скопје“ e најпродаванa книгa во „Литература.мк“ од областа на нефикцијата

Новата книга од Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“, се најде на врвот на листата со најпродавани книги во „Литература.мк“, во февруари 2023 година. Овој т.н. „водич до сигурна смрт од смеење“, за многу кратко време по промоцијата во декември 2022 година стана најбаран наслов во сите поголеми книжарници. На топ 10 листата со…

#bookstagram интервју со @bookreaders_community

Катерина Павловска и Саше Паневски се гости во нашето трето интервју од серијалот #bookstagram интервјуа. Тие се креатори на профилот @bookreaders_community, кој е на листата на омилени #bookstagram профили на многумина читатели и инстаграм-корисници. Веќе долго ги следиме нивните постови со препораки за читање и искрено се радуваме кога ќе видиме кај нив книга што…

Го одбележуваме Денот на жената со 20 инспиративни книги во издание на „Арс Ламина“

Бунтовни, храбри, силни, креативни, амбициозни, смели, весели, дружељубиви, заводливи, нежни, уникатни, самостојни, инспиративни… Ова се само дел од карактеристиките на жените околу нас. Од секоја можеме да научиме нешто и да се мотивираме. Во секоја жена лежи уникатна, неповторлива приказна… Такви се и жените од инспиративните книги во издание на „Арс Ламина“, со кои го…

„Жолти чорапи“ е најбараното издание за деца во „Литература.мк“ во февруари

Новата сликовница посветена на чувствата, „Жолти чорапи“ од Билјана Лотеска, е најпродаваното издание за деца во „Литература.мк“ во февруари. На втората позиција на топ 10 листата се најдоа двете нови книги од авторката на популарниот серијал „Исидора Мун“, Хариет Мункастер: „Мирабела прави палавости“ и „Мирабела ги крши правилата“. Следуваат „Шах за деца“ од Сабрина Шеванес…

Топ 10 најпродавани книги во „Литература.мк“ во февруари

Психолошкиот трилер „Рандеву“ од Луиз Џенсен, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е најпродавана книга во книжарниците на „Литература.мк“ во февруари. На листата со топ 10 најбарани наслови се најдоа и бестселерите: „Три желби“ од Лијан Моријарти, „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд и „Седумте мажи на…

#Bookstagram интервју со @bibliophiles_____

Продолжуваме со интервјуата со најпосветените #bookstagram корисници кои го збогатуваат онлајн-просторот со своите препораки, рецензии и воопшто убав пишан збор и секогаш се активни поддржувачи и пријатели на македонските издавачи. Во второто од серијата #bookstagram интервјуа ве запознаваме со две прекрасни девојки, Билјана и Моника, кои „се кријат“ зад профилот @bibliophiles_____, кој секојдневно и неизбежно…

Се чека ред за позајмување на „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков во библиотеките

Наградуваниот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, кој беше избран за книга за месецот февруари во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, предизвика голем интерес кај читателите. Имено, за книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, има долга листа за позајмување од библиотеките. Во рамките на…

Новите романи на Влада Урошевиќ и Хари Кацановски, во издание на „Арс Ламина“, се меѓу десетте финалисти за наградата Роман на годината

Новите романи на Влада Урошевиќ и на Хари Кацановски, кои се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, влегоа меѓу десетте финалисти за наградата Роман на годината. Станува збор за седмиот роман на академик Урошевиќ – „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за…

#Bookstagram интервју со @prodolzidacitas

Секој збор, секоја реченица, секоја страница е залудно напишана ако не си го пронајде патот до своите читатели. Секоја книга е залудно издадена ако не му останала во сеќавање барем на еден читател. За среќа и на огромно задоволство, македонскиот книжевен простор е исполнет со активни и ревносни читатели кои секојдневно го користат својот социјален…

Јана Мишо: Се надевам дека еден ден ќе ја сретнам вистинската Лулу – жена „еднорог“ која работи во ковачница

Среќа е полна шолја со омиленото кафе и добра книга. Тоа е одлична најава за убаво поминато време, но и совршено бегство од секојдневието. Во пријатниот амбиент на „Кафе Литература“, во срцето веќе добро познатата книжарница „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, неодамна се одржа еден таков совршен спој на вкусното кафе и книжевноста. Во…

Татјана Цибуљак: Во „Градина од стакло“ правам паралела помеѓу созревањето на личноста и создавањето на една независна држава

Романот „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак, кој е еден од насловите во новата едиција „Порта Европа“ на издавачката куќа „Арс Ламина“, беше претставен вчеравечер (28 февруари). На онлајн-промоцијата, покрај авторката Цибуљак, се вклучија и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски, кој ја преведе книгата од романски јазик. Тој помогна и…

Промоција на „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска во библиотеката „Гоце Делчев“ во Велес

Новиот роман „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска ќе биде промовиран на втори март (четврток), во 14 часот, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес. Промоторка на книгата ќе биде Бети Бандиловска. Романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“,  влезе во потесниот избор за книжевната награда „Пегаз“ за 2021…