Извадок од „Уметноста на едноставното живеење“ од Шунмио Масуно

1 НАЈДЕТЕ ВРЕМЕ ЗА ПРАЗНИНА. Прво, набљудувајте се себеси. Сами со себе бидете такви какви што сте, но без брзање, без нестрпливост. Дали во нашите секојдневни животи кој било од нас има време да не мисли на ништо? Претпоставувам дека одговорот на повеќето луѓе би бил: „Воопшто немам време за такво нешто“. Нè притиска времето,…

Авантурите на Мечокот Меглен од Тортон В. Берџес (трет дел)

VII СИНЧЕТО НА ФАРМЕРОТ СИМОСКИ ГО СЛЕДИ МАЛЕР Синчето на фармерот Симоски пешачеше низ Зелената гора и си потсвирнуваше весело. Секогаш си потсвирнува кога е радосно, а секогаш е радосно кога оди на риболов. Знаете, го сака риболовот исто колку што го сакаат и Малата видра Јоцо и Визонот Вили и Мечокот Меглен. А сега…

„Легенди“ од Густаво Адолфо Бекер (8 дел)

  ЧУДНО Е!   Пиевме чај во куќата на една моја пријателка и зборувавме за оние социјални драми што се одвиваат без да привлекуваат многу внимание, чии протагонисти ги знаевме иако немавме удел во тие сцени. Имаше една слаба, бела, русокоса девојка со група луѓе на кои не се сеќавам; ако носеше круна од цвеќиња…

Авантурите на Мечокот Меглен од Тортон В. Берџес (втор дел)

  IV МАЛАТА ВИДРА ЈОЦО ГО СНАБДУВА МЕЧОКОТ МЕГЛЕН СО ПОЈАДОК   Одмазда од чиста злоба ретко кога вреди. Факт е треба да се проба на друг начин да се среди. Ете како се случи и тоа Малата видра Јоцо да го снабди Мечокот Меглен со највкусниот појадок што го изел во последно време. Немаше…

„Бамби. Животот во шумата“ од Феликс Салтен (7 дел)

ПОГЛАВЈЕ 23 Шумата повторно беше покриена со снег и лежеше тивко, засолната под неговата длабока бела покривка. Се слушаше само гракањето на враните, а одвреме-навреме ќе се јавеше и некоја крескава врана или срамежлива сеница. Но, потоа мразот стегна уште посилно и замре сè. Воздухот почна да свири од студот. Едно утро тишината ја разби…

„Легенди“ од Густаво Адолфо Бекер (7 дел)

МАЕСТРО ПЕРЕЗ, ОРГУЛИСТОТ   Во Севилја, во истото предворје на „Света Инес“, и додека чекав да почне полноќната Бадникова миса, го слушнав ова предание од една прислужничка на манастирот. Природно, откако ја слушнав, нетрпеливо исчекував да почне церемонијата, нервозен што присуствувам на едно чудо. Сепак, оргулите на „Света Инес“ не беа воопшто чудесни, ниту, пак,…

ВИДЕО: Вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ви читаат

Сѐ со цел да ги поттикнеме читањето и љубовта кон пишаниот збор кај најмладите, деновиве ја почнавме акцијата видеочитална, во чии рамки на нашиот канал на „Јутјуб“ објавуваме видеа во кои вработените на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ги читаат омилените детски книги. „Облачињата кои не сакаа да плачат“, „Бајки од Македонија“, „Кучето што Нино го…

„Бамби. Животот во шумата“ од Феликс Салтен (6 дел)

ПОГЛАВЈЕ 19 Набрзо сите во шумата почнаа да забележуваат дека Гобо има некои навики што им се чинеа чудни и сомнителни на сите други. Спиеше ноќе кога сите други беа будни. Но, дење, кога сите бараа место да починат, тој беше буден и одеше на прошетки. Тој сосем слободно, кога ќе му се посакаше, среде…

Авантурите на Мечокот Меглен од Тортон В. Берџес (прв дел)

  I МЕЧОКОТ МЕГЛЕН ОДИ НА РИБОЛОВ Мечокот Меглен се проѕевна додека си лежеше на удобниот кревет од лисје и ги гледаше првите утрински сончеви зраци што ѕиркаа низ Зелената гора за да ги избркаат Црните сенки. Се проѕевна уште еднаш, па полека застана на нозе и се истресе. Потоа отиде до еден голем бор,…

„Бамби. Животот во шумата“ од Феликс Салтен (5 дел)

  ПОГЛАВЈЕ 13 Еден ден, обајцата тргаа да ја бараат малечката чистинка длабоко во шумата, каде што Бамби последен пат го беше сретнал Стариот срндак. Бамби воодушевено ù раскажа на Фалина сè за него. „Можеби повторно ќе го сретнеме“, рече тој. „Би сакал да го видиш.“ „Тоа би било прекрасно“, смело рече Фалина. „Баш би…

„Легенди“ од Густаво Адолфо Бекер (5 дел)

ПОМИЛУЈ МЕ Пред неколку месеци при посета на славната опатија во Фитеро и сакајќи да вратам неколку тома во нејзината напуштена библиотека, открив во еден од нејзините агли две или три музички тетратки, многу стари, покриени со прашина, па дури почнале и да ги гризат стаорци. Беше една Помилуј ме. Не ја разбирам музиката; ама…

Извадок од „Нов живот“ од Орхан Памук

Еден ден прочитав книга што целосно ми го смени животот. Уште на првите страници толку ме обзеде нејзината сила, што си го почувствував телото како ми се одделува и ми се оддалечува од столот на кој седев додека ја читав книгата, која беше распослана на масата пред мене. Иако чувствував како моето тело да се…

Извадок од „Чарли и фабриката за чоколади“ од Роалд Дал

Поглавје 14  Господин Вили Вонка   Господинот Вонка стоеше сам на работ на отворените порти. Какво неверојатно човече беше тој! Имаше црн цилиндар на главата. Носеше фрак од прекрасно кадифе со боја на слива. Панталоните му беа зелени како шише. Ракавиците што ги носеше беа бисерно сиви. Во едната рака држеше прекрасно изработен бастун со…

„Легенди“ од Густаво Адолфо Бекер (четврт дел)

ГНОМОТ I   Девојките од местото се враќаа кон мостот со ѓумовите на глава, се враќаа пеејќи и смеејќи се со една бука и врева што само можат да се споредат со весело дрдорење на група ластовички кога се превртуваат тешки како град околу ветроказот на една камбанарија. На тремот од црквата, седнат под една…

„Бамби. Животот во шумата“ од Феликс Салтен (четврт дел)

ПОГЛАВЈЕ 8 Почнаа да паѓаат лисјата од големиот даб на работ на ливадата. На сите дрвја им паѓаа лисјата. Една дабова гранка се издигнуваше високо над другите гранки и се протегаше далеку над ливадата. На нејзиниот врв висеа два листа. „Веќе ништо не е како порано“, му рече едниот лист на другиот. „Не е“, одговори…