Онлајн промоција на „Миа во Амстердам“ (Јас сум Миа #2) од авторката Јана Мишо

Вториот дел од серијалот „Јас сум Миа“ насловен „Миа во Амстердам“ на младата авторка Јана Мишо ќе биде промовиран онлајн во четврток (20 август) во 19 часот на фејсбук-страницата „Литература.мк“. Изданието пред сè е наменето за тинејџерската публика и е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Миа во Амстердам“ веќе…

Онлајн промоција на „Девет – роман во илустрирани приказни“ на белградскиот дизајнер Славимир Стојановиќ-Футро

Книгата „Девет ‒ роман во илустрирани приказни“ на еден од најпознатите графички дизајнери во регионот, Славимир Стојановиќ-Футро, ќе има онлајн промоција на 18 август (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Делото е преведено на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“ и веќе може да се најде…

Васко Тодоров ќе ја потпишува книгата „Тошо Малерот: монологија“ во книжарницата „Литература.мк“ во „Сити мол“

Васко Тодоров кој е познат по неговото хумористично алтер-его Тошо Малерот во понеделник (17 август) во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Сити мол“ ќе ја потпишува неговата книга „Тошо Малерот: монологија“. Во делото се собрани култни монолози кои популарниот „батка“ ги има кажано во легендарното шоу „К-15“ како и скечеви кои не биле емитувани…

Славој Жижек: Влеговме во војна со „Пандемија“ и идеите дека ќе заврши набрзо се утопистички

Правилата дека треба да се мијат раце, да се избегнуваат блиски контакти, сето ова помага. Но, основно е тоа дека ни требаат мерки. Јас ги нарекувам „комунистички мерки“, а овие мерки не треба да се однесуваат само на здравјето. Ќе имаме проблеми, од снабдувањето со храна до менталното здравје. Мораме, конечно, да го сфатиме ова…

Онлајн промоција и разговор со контроверзниот философ Славој Жижек за неговата нова книга „Пандемија“

Новата книга „Пандемија“ на контроверзниот словенечки философ Славој Жижек ќе биде онлајн промовирана на 23 јули (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Ќе може да се погледне разговорот помеѓу авторот и уредникот на изданието Филип Видиновски, каде пред сè ќе може да се слушнат ставовите на Жижек врзани за тоа како ситуацијата низ…

Книгата „Press & Play“ на Ненад Георгиевски е сведоштво за едно плодно време во македонската музика

Како запис за еден квалитетен период во креативниот процес на голем број македонски музичари, авторот Ненад Георгиевски ја издаде книгата „Прес енд плеј“ („Press & Play“) која вчера беше онлајн промовирана на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Станува збор за дело на англиски јазик составено од рецензии на албуми, концерти и фестивалски настапи на домашни изведувачи кои…

Промовирана книгата за деца „Будимир и ретките животни“ од српскиот автор Зоран Пеневски

Книгата за деца „Будимир и ретките животни“ од српскиот автор Зоран Пеневски, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ беше промовирана вчеравечер (18 јуни), онлајн, преку платформата „Зум“ (Zoom). Пеневски, кој е уредник на изданијата за деца во етаблираната српска издавачка куќа „Лагуна“, напишал духовита приказна што нè потсетува на…

Промовирани „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ и „За секоја буква приказна“

   Книгите за правоговор „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ и „За секоја буква приказна“, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, беа промовирани вчеравечер (11 јуни), онлајн, преку платформата „Зум“ (Zoom).   Станува збор за реиздание на „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата…

Промовирана книгата „Најстари приказни“ од Томислав Османли

Новата книга „Најстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација“ од Томислав Османли, што е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“, беше промовирана вчеравечер (2 јуни), онлајн, преку платформата „Зум“ (Zoom). Книгата, која е веќе достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на http://www.literatura.mk, содржи митови од архајскиот период на медитеранските култури,…

Онлајн промоција на „Најстари приказни“ од Томислав Османли

На 2 јуни (вторник), со почеток во 19 часот, ќе се одржи онлајн промоција на новата книга „Нajстари приказни: Митови од мугрите на западната цивилизација “ на Томислав Османли. Промоцијата ќе се одвива на платформата „Зум“ (Zoom), а ќе може да се проследи на профилот на „Фејсбук“ на „Литература.мк“. Книгата што е во издание на…

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија, отворена е Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“

Со концерт на ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО, кој можеше да се проследи онлајн преку социјалните мрежи, вчеравечер (20.05.2020) свечено беше отворена новата суперпродавница на „Литература.мк“ – Literatura.mk Superstore, во соработка со „Скопје сити мол“. Станува збор за најголемата книжарница во Македонија, со површина од 500 м², која има богата понуда на книги за сите генерации на…

Промовирана книгата „Херојски приказни“ со преводи од студентите од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“

Група студенти од Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и нивната професорка, доц. д-р Мира Беќар, вчеравечер (29 април) ја промовираа книгата „Херојски приказни“, преку онлајн платформата Zoom. Книгата „Херојски приказни: Митови, легенди и приказни од различни делови на светот“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс…

Онлајн промоција на „Денот кога не се разбудив“ од Moџо Килингтон

На 21 март (сабота), со почеток во 20 часот, ќе се одржи онлајн промоција на романот „Денот кога не се разбудив“ од Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Авторот ќе се приклучи онлајн преку својот профил на „Фејсбук“. Промоцијата ќе биде интерактивна,…

Промовирана стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако

Во емотивна атмосфера, со музички и танцов перформанс, проекција на видео и читање поезија, вчеравечер (25 февруари) во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, беше промовирана стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако. Песните од книгата, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации, се нежни и едноставни. – Цако…

Промовирана книгата „Зошто јас?“ од Мартин Јованоски

Во присуство на бројни гости, вчеравечер (11 февруари) во просториите на „МладиХАБ“ во Скопје беше промовирана книгата „Зошто јас?“ од авторот Мартин Јованоски. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Оваа автобиографска книга ја истакнува важноста на менталното здравје и менталната хигиена, а истовремено дава одговор на најважното и…