НАСКОРО: „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од легендарниот спортски коментатор Зоран Михајлов

Љубителите на спортот во Македонија наскоро ќе имаат можност во своите раце да ја држат книгата „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од доајенот на македонското спортско новинарство, Зоран Михајлов. Своевидните мемоари се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина-публикации“, и содржат помалку познати приказни за успесите на македонските спортисти низ историјата и…

Мемоарите на Мишел Обама попродавани од „Педесет нијанси сиво“

Автобиографската книга „Becoming“ на некогашната прва дама на САД, Мишел Обама, урива рекорди по продаваност. Само два месеци по објавувањето таа претендира да стане меѓу најчитаните книги на деценијата – јавува „Си-ен-ен“. Според податоците од „Амазон“ мемоарите на Мишел Обама 47 дена се број еден на листата. Тие се попродавани од книгата „Педесет нијанси сиво“,…

Мемоарите на Мишел Обама наскоро на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“

  Автобиографската книга „Becoming“ на некогашната прва дама на САД, Мишел Обама, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Мемоарите, кои беа промовирани во ноември 2018 година, за кратко време станаа бестселер. На првиот ден од издавањето беа продадени повеќе од 725 илијади примероци…

Новата книга на Мартина Млинаревиќ Сопта наскоро на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“

Новата книга „Узур“ (Huzur)  на популарната авторка од Босна и Херцеговина, Мартина Млинаревиќ Сопта, наскоро ќе биде објавена на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата на босански јазик беше промовирана кон крајот на 2018 година во Сараево. Во неа 36-годишната писателката и колумнистка открива детали за својата…

Сезнајката Биби ќе ги учи децата да го сакаат македонскиот литературен јазик

Тимот на популарните сајтови „Факултети.мк“ и „Деца.мк“ стартува нов проект – „Бибиленд“, во кој „сезнајката Биби“ е главен лик. Преку интересни цртани филмови, сликовници, песнички, видеоигри Биби ќе ги учи децата да го сакаат и да го практикуваат македонскиот јазик. – Биби, девојчето со сини очи, црна коса и неверојатна желба за учење, која несомнено…

„Супервештерката…“ од Билјана С. Црвенковска наскоро и на српски јазик

Книгата за деца „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од нашата позната авторка за деца и млади, Билјана С. Црвенковска, набрзо ќе биде објавена на српски јазик. Книгата, која на српски јазик ќе излезе под наслов „Шест чаробних колачића“, ќе ја објави престижната белградска издавачка куќа „Лагуна“ под детскиот импринт „Мала Лагуна“. На својата интернет-страница…

„Бајки од Македонија за цела година“ – нов проект на „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“

„Бајки од Македонија за цела година“ е новиот проект од јавен интерес на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Секоја недела по една бајка или 52 бајки од народното творештво, во приспособена јазична форма и со модерни илустрации е проектот што треба да ги приближи новите…