Австрија го награди преводот од германски на македонски јазик на збирката поезија „Вербариум“ во издание на „Арс Либрис“

Австриското министерство за култура го награди преводот на збирката поезија „Вербариум“ од Ханс Карл Артман, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот од германски на македонски јазик го направи Елизабета Линднер. Ова е трет пат како австриското министерство за култура ја наградува Линднер за превод. Претходно доби признанија…

Марина Костова – добитничка на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за монографијата „Манчевски“

Марина Костова, долгогодишната филмска критичарка и заменик-главна уредничка на САКАМДАКАЖАМ.МК, е добитничка на највисокото државно признание „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, за остварувања во областа на публицистиката. Таа ја добива наградата за повеќегодишниот комплексен, меѓународен и мултидисциплинарен публицистички проект – монографијата „Манчевски“, која е посветена на творештвото на режисерот и уметник Милчо Манчевски. Книгата беше објавена во…

Авторката Франческа Кавало воодушевена од македонското издание на „Бунтовни девојчиња“

Франческа Кавало, една од авторките на светскиот книжевен хит „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“, е воодушевена од македонското издание на книгата. Своето задоволство од верзијата на македонски јазик им го пренесе на претставниците од македонскиот издавач на книгата – „Арс Ламина – публикации“, на средбата што се одржа вчера (11 октомври 2018 година)…

Претставување на македонската литература на Саемот на книгата во Франкфурт

Седум македонски писатели ќе бидат претставени на 13 октомври (сабота) во рамките на јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт. Домаќин на настанот ќе биде Асаф Адеми, министерот за култура на Р. Македонија. На т.н. „македонскиот ден“ гостите на саемот ќе можат одблизу да се запознаат со писателите Петар Андоновски, Зоран Анчевски, Скендер…

Почна јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт

Под мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, од денеска  до 14 октомври 2018 година ќе се одржи јубилејното 70-то издание на Саемот на книгата во Франкфурт. На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија ќе биде застапена и современата македонска литература, а свои претставници има и издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“. Светските медиуми јавуваат дека…

„Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов на Фестивал на сликовници во Пожега

Илустрираната книга „Ѕвездено дете“ од Ване Костуранов беше претставена на Фестивалот на детски сликовници „Чигра“, што од трети до петти октомври се одржа во Пожега, Србија. Сликовницата е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина“. „Чигра“ е млад фестивал, што пред три години го иницирала Даниела Скоковиќ од Народната библиотека во Пожега, со цел да…

Нова книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

На 14 јули (сабота) во „Скопје сити мол“ (Skopje City Mall) ќе биде отворена новата книжарница на „Литература.мк“. Продажниот простор на „Литература.мк“ е лоциран на вториот кат од трговскиот, во близина на одделот за храна. „Литература.мк“ носи литературна свежина во најпосетениот трговски центар во Скопје, продолжувајќи да ги пласира светските книжарски трендови, со изданија за…